Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Лишени од слобода 14 возачи за „безобѕирно управување возило“, 12 возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 14 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

-Од нив 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.У.(30), А.С.(29), С.Р.(36), Р.С.(35), Г.Б.(45), 21-годишната Е.Ш. и 17-годишник, двајцата од с.Студеничани, скопско, С.Х.(28) од с.Лавце, тетовско, Ј.Л.(44) од Струга, И.Д.(49) од с.Клечовце, кумановско и 14-годишник од с.Дебреште, општина Долнени, кое се лишени од слобода. Додека пак, полициски службеници извршиле службен разговор со 16-годишник од тетовско, во присуство на родител, поради тоа што управувал патничко возило без возачка дозвола. Со активна мерка забрана за управување на возило возеле А.П.(23) од Скопје и С.М.(28) од Делчево. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Б.М.(32) од с.Мршевци, скопско – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Реклама

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.