Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Прилози

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Есента ги спушти температурите. Поради ладното време скопјани од утре ќе добијат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Есента ги спушти температурите. Поради ладното време скопјани од утре ќе добијат топли радијатори.Наместо од 15 октомври централното парно ќе биде пуштено  порано од предвиденото.

„Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за 13 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 12 °C, со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на РКЕ.“ – велат од ЕСМ.

Со средна температура под 12 степени парно греењето ќе се вклучува. Во октомври и првата половина од ноември ќе се регулира согласно надворешните температури.

„При точно утврдени атмосферски услови, кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, испораката на топлинската енергија се прекинува, односно системот се исклучува.  Веднаш по падот на температурите под утврдените гранични вредности, централното греење повторно се вклучува. Со ваквиот начин на регулирана испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на потрошувачите.“ – велат од ЕСМ.

Реклама

Ноќите во изминативе две недели се особено ладни, но поголем дел од скопјани велат дека до сега не вклучиле клима или греалка за да ги загреат домовите.

„Греалка може да пуштиме ама се уште не е толку ладно, може да се пушти ама и не мора, не пуштаме греалки, ладно ми е навечер, не пуштаме ништо, сега за сега се облекуваме повеќе мислам дека е рано, Ладно е ама уште не пуштаме ништо.“- велат граѓаните.

Од ЕСМ апелираат до корисниците да ги завршат подготовките на своите внатрешни грејни инсталации и да си ги подмират сметките за електрична енергија. А заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници.