Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Изложба на опрема и оружје на АРМ во Прилеп: Македонската Армија плански се модернизира и до крајот на годинава ќе ги заврши зацртаните обврски

Со тактичко-технички збор, со приказ на дел од модерната опрема и оруже…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со тактичко-технички збор, со приказ на дел од модерната опрема и оруже со кои се опремува македонската Армија, на булеварот во центарот на Прилеп, граѓаните видоа изложба и опрема на  АРМ како и боречки способности и вештини на специјалните единици, во чест на празникот 11 Октомври и големиот јубилеј, 85 години од почетокот на Народното востание и од „првата пушка“. 

-Ова е вистински начин да се честита празникот, зашто Армијата е за граѓаните, а прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“ е седиштето на артилерискиот баталјон. Приказот е на најновата опрема и дел од она со што плански се опремува Македонската армија, изјави началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Сашко Лафчиски. 

-Имаме приказ на сето она што е дел од најновата модернизација, од најновиот дел од градењето на способностите и капацитетите на Армијата. Тука зборувам, пред сѐ, за пешадиската опрема, опремата за специјалните единици и она, што верувам дека на прилепчани им е најважно, новите капацитети од доменот на артилеријата, зашто Прилеп е матичен град на артилерискиот баталјон. Изложени се новите системи и хаубици „Боран“, лесни оклопни возила „ГЛТВ“, „Страјкер“ и сето она со што Армијата во континуитет се опремува, рече генерал мајор Лафчиски.

Реклама

Генерал мајор Лафчиски изјави дека модернизацијата на АРМ се  одвива плански и до крајот на годинава сите зацртани обврски ќе се исполнат.

-Модернизацијата на Армијата се одвива плански и така треба да биде зашто не е важно дека ќе се купи нешто, туку тоа треба да се операционализира, да биде ставено во готовност. Тоа претставува спој меѓу припадниците на АРМ и опремата. Со задоволство можам да истакнам дека до крајот на годинава сите зацртани обврски согласно со планот ќе ги исполниме, со што, всушност, сето она што беше најголерм приоритет во модернизацијата, посебно на лесната пешадиска баталјонска група ќе биде завршено, во контекст на возилата „Страјкер“, во контекст на возилата „ГЛТВ“ и сета останата опрема со која припадниците на АРМ се опремија во изминатиов период, рече Лафчиски. 

Според прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, изложбата на опрема и оружје на АРМ е вистинскиот начин да се заокружат чествувањата за 11 Октомври и 85- годишнината од почетокот на Народното востание.

-Со ова, заокружуваме еден добар начин на одбележување на празникот и големиот јубилеј. Јас сум среќен дека нашата современа држава има вака добро подготвена Армија која се грижи за безбедноста на нашите граѓани, рече Проданоски. 

Прилепчани, и млади и возрасни покажаа голем интерес за изложените опрема и оружје како и за боречките способности на специјалните единици.