Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Поефтин гас, повеќе пари од транзит. Македонија станува регионален важен играч на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поефтин гас, повеќе пари од транзит. Македонија станува регионален важен играч на пазарот со енергенси. Откако се потпишаа договори за поврзување со грчкиот конектор и со Србија, Македонија во 2028 добива можност да учествува во креирање на цената, добива надлежност на снабдување со гас и ќе може да ги блансира цените на гасот во Македонија, велат експертите.  Според нив државата добива поголем број на извори за снабдување со гас, што дава можност компаниите да користат поефтин гас, а со тоа и македонската економија ќе биде поконкурентна.

    „Не се само овие две земји, Грција и Бугарија на кој се приклучуваме со нашите гасоводи, туку и сите дополнитлено гасоводи на кои овие земји кои се приклучени, туку и неколкуте станици каде што доаѓаат бродови со течен гас“, изјави Тони Србиновски, ЕУРЕМ енергетски менаџер

    Засега гасот се користи како преодно решение, кој е фосилно гориво, но многу почисто од другите фосилни горива, како мазутот и нафтата. Но, според експертите, Македонија на долг рок се позиционира и како стратешки играч во делот на снабдување со алтернативата на гасот, водородот. Овие системи поддрржуваат да се вклучи и т.н. водородна економија, која во моментов се развива и претставува иднина во енергијата.  

    Реклама

    „Овие гасоводи се изведуваат да може да се користи водородот, кога во еден момент ќе биде исплатлива, дали сама од себе или со стимулации од ЕУ и другите држави во овој регион, така да, тоа е е уште една дополнитлена можност, тоа е уште една можност што ја даваат овие конекции и овој развој на мрежата.“

    Употребата на водовод би било ЦО2 неутрален, ако се добива од обнивливи извори на енергеија. Македонија и тука предничи поради голем број изградени фотоволтаици. По пат на хидролиза на водата, се добива водородот кој ќе биде замена на батериските системи и ќе служи за складирање на вишок енергија за производство на струја. Македонија и официјално стана дел од иницијативата „Вертикален коридор“, кој во Солун го потпиша Министерката за енергетика Сања Божиновска. Овој чекор според нејзе е историски и отвора огромни потенцијали за енергетска сигурност и диверзификација на снабдувањето со природен гас.