Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа

Оваа година е натпросечна година кога станува збор за инфекција од Западнонилска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа година е натпросечна година кога станува збор за инфекција од Западнонилска треска насекаде во Европа- нагласи премиерот Христијан Мицкоски појаснувајќи дека годинава овој здравствен предизвик е особено изразен на европско ниво и не е специфичен само за земјава.

Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија, по повод случаите на Западнонилска треска, Мицкоски рече дека според информациите со кои располага, општините ги спровеле предвидените активности за заштита од комарци согласно редовните протоколи.

– Ги проверивме информациите и врз основа на она со што располагам, сите општини во рамките на редовниот протокол ги имаат завршено своите активности. Не би можел да кажам дека некој не го направил тоа или дека ја занемарил обврската -истакна Мицкоски.

Реклама

Според него, не само ние туку и сите медитерански земји  се соочуваат со Западнонилска треска.

– Факт е дека оваа година е натпросечна кога станува збор за ваков тип предизвик со кој се соочуваме и ние, но и, условно кажано, сите медитерански земји. Тука се и Италија и Шпанија, каде што, за жал, починатите од Западнонилска треска се бројат со стотици -додаде премиерот.