Капушески, Јахоски, Сулкоски и Ковачевски прерано се израдуваа – Вишото обвинителство ја воскресна истрагата за милионскиот криминал со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, предмет за кој предходно обвинителството на Ислам Абази ја запре постапката. Пресвртот следи откако државната компанија ЕСМ вложи жалба, со која практично го изби аргументот на обвинителката Катерина Коларевиќ дека немало пријавена штета, па затоа немало ни криминал. Вишото обвинителство бара прецизно да се докаже кој директно, а кој со помагање овозможил од 167-те милиони евра државни пари, наменети за енергетската криза да завршат во приватни џебови. Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејствија на осомничените, особено дали и кој презел директни дејствија или дејствија на помагање со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превез на користење на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице, соопштуваат од Јавно обвинителство на Македонија. Случајот е од март 2025-та, кога Обвинителството за организиран криминал заедно со полицијата спроведоа акција против 13 луѓе и една фирма под сомнеж дека злоупотреба јавна набавка и переле пари при купувње на мазутот за ТЕЦ Неготино. Во фокусот на истрагата е фирмата РКМ која го добила тендерот и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Меѓу осомничените беше и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски. Во истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара по меѓународна потерница за друг случајот – Адитив. Во постапката беа одредени и затворски притвори, но до летото 2025 сите осомничени излегоа од зад решетки со понудени милионски гаранции и одредени мерки за претпазливост. Инаку, запирањето на истрагата предизвика лавина реакции во јавноста. Станува збор за голема злоупотреба на државни пари, но и инволвираност на син на пратеник на ДУИ во случајот. Контроверза предивикува и фактот што обвинителството што се откажа од гонење, е раководено од Ислам Абази, соселанец на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за кого дури беа и објавени фотографии во јавноста од прослави со високи функцонери на партијата како и со со братот на Ахмети.