Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Управувачкиот комитет денеска ќе одлучува за повторно пуштање на гостиварскиот водовод

Управувачкиот комитет за кризни состојби денеска напладне ќе одржи седница, на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управувачкиот комитет за кризни состојби денеска напладне ќе одржи седница, на која треба да бидат донесени одлуки и усвоени плановите за повторно ставање во функција на гостиварскиот водовод – соопштија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Сашо Клековски, при посетата на реконструираното одделение за трауматологија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

– Денеска, во 12.30 часот. имаме седница на Управувачкиот комитет за кризни состојби. на која ќе се донесат одлуки – изјави премиерот Мицкоски.

Тој нагласи дека приоритет е обезбедувањето нормално водоснабдување, откога, како што рече, државните институции ги презеле активностите за надминување на состојбата.

Реклама

– Важно е сега, откога полека и сигурно работите се преземаат од страна на државните институции по периодот на летаргија што постоеше во општината, најпрвин да обезбедиме техничка вода, а потоа и вода за пиење – рече Мицкоски.

Во однос на истрагата, премиерот посочи дека Обвинителството постапува за утврдување на одговорноста.

– Сите што се одговорни треба да бидат сослушани и, нормално, да се преземат мерки против нив. Три лица се идентификувани во таа насока. Колку што знам, определени се мерки за обезбедување, така што институциите реагираа во најкраток можен рок – рече премиерот.

Министерот Клековски информира дека на седницата ќе бидат разгледани и усвоени стручните планови за повторно пуштање на водоводот во употреба.

– Денеска, во 12 часот, Управувачкиот комитет за кризни состојби ќе одржи седница, на која ќе бидат усвоени плановите што беа договорени вчера и денеска за повторно пуштање на водоводот во употреба. Сметаме дека здравствената состојба е веќе целосно под контрола и епидемијата се смирува, па сега фокусот е на повторното ставање на гостиварскиот водовод во функција. Во однос на планот, тимовите од Гостивар работат на неговата подготовка и во моментот не би можел да го изнесам. Во 12 часот ќе биде презентиран пред Управувачкиот комитет. Тоа е стручна работа на соодветните експерти за водоснабдување. Ќе видиме што ќе предложат. Нашата цел е што побргу да се стави водоводот во употреба, но дури кога ќе ги помине сите неопходни тестирања и проверки – рече тој.

Во однос на штетите, таму каде што има оштетувања, како што рече, има и осигурување.

– Болниците во кои е потребна интервенција, по процената на штетите од осигурителните компании, ќе пристапат кон обнова на покривните конструкции – дополни тој.

Осврнувајќи се на причините за настанатата состојба, тој потсети дека одговорноста за квалитетот на водата е кај јавното комунално претпријатие.

– Одговорноста за квалитетот на водата е на јавното комунално претпријатие. Тоа, како давател на услугата, во согласност со законот, задолжено е да врши проверки на квалитетот на водата. Прашањето е дали јавното комунално претпријатие си ја вршело својата работа – рече Клековски.

Дополни дека Центарот за јавно здравје – Тетово, преку својата подрачна единица во Гостивар, ја добил набавката за вршење на контролите.

– Меѓутоа, таа е со ограничен број мостри на годишно ниво. Во рамките на тие мостри Центарот за јавно здравје ги зел примероците. Ние сега ги анализираме резултатите и местата на кои се земани мострите бидејќи тоа ќе биде важно за планирањето на следните чекори. Во основа, планираме да извршиме целосен преглед на постојната состојба затоа што состојбите во градовите се разликуваат – рече тој.

Апелира јавноста да се информира преку официјалните канали и да не подлегнува на шпекулации додавајќи дека анализите на примероците продолжуваат во лабораториите на Клиниката за инфективни болести и дека во моментот не се утврдени агенси што би укажале на промена на досегашната клиничка слика кај заболените.

– Ние сега работиме на анализата во микробиолошката и вирусолошка лабораторија при Клиниката за инфективни болести, која располага со најширок панел за детекција на бактерии и вируси. Нема вирус што не може да биде детектиран. Водата ќе биде пуштена во употреба само кога ќе биде апсолутно сигурно дека е безбедна. Во моментот не се утврдени агенси што би предизвикале промена на клиничката слика по оваа ситуација. Според досегашните резултати, станува збор за вируси и бактерии што веднаш даваат клиничка слика, каква што имаме – со стомачни проблеми и тегоби – рече министерот.