Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Наградата „Актер на Европа 2026“ доделена на актерката Александра Војводиќ Јововиќ

Актерката Александра Војводиќ Јововиќ од Црна Гора која во Сарајот во Ресен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Актерката Александра Војводиќ Јововиќ од Црна Гора која во Сарајот во Ресен ја одигра претставата „Aurura Amoris“, според Владимир Мајаковски во режија на Горан Бјелановиќ, е годинешен добитник на фестивалското признание „Актерот на Европа 2026“, што го доделува истоимениот фестивал во Ресен. 

На синоќешното свечено затворање беше соопштено дека традиционалното фестивалско признание „Актер на Европа 2026“ на актерката Војводиќ Јововиќ и се доделува за нејзината извонредна изведба во претставата „Aurora Amoris“. Според жирито, нејзината интерпретација претставува редок спој на врвна вокална техника, сценска експресија и уметничка чувствителност, создавајќи силно и незаборавно театарско доживување. За истата претстава, на режисерот Горан Бјелановиќ во Ресен му беше доделена наградата за најдобра режија „Жал Лакариер“.

Меѓународното жири наградата за најдобра претстава ја додели на Алтернативниот театар „Пробатон“ за претставата „Камења во неговите џебови“, а признанието „Преспански Дионис“ годинава ѝ припадна на претставата „Кученцето се насмеа“, во продукција на „Спам студиос“ од Софија, Република Бугарија.

Реклама

Наградата за најдобра сценска интерпретација ѝ беше доделена на македонската актерка Снежана Коневска – Руси за нејзината улога во претставата „BIVIR… (Да се преживее)“, во продукција на Македонскиот народен театар и АРТ-КУЛТ-УРА! Според жиритот, Коневска Руси понуди актерско остварување со исклучителна уметничка зрелост, емотивна длабочина и сценска сугестивност, кое ја потврдува моќта на актерската уметност да ја пренесе најсуштинската човечка вистина.

Организаторите на интернационалната театарска манифестација соошштија дека годинешното издание донесе високи уметнички дострели, разновидни сценски естетики и инспиративни средби меѓу творци од различни културни средини, оставајќи силен впечаток кај публиката и потврдувајќи дека Преспа останува едно од препознатливите европски места на театарската уметност.