Реклама

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

СДСМ си најде нови непријатели: Сите што не се согласуваат со Филипче, работеле за Мицкоски, барем според Филипче

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Пред пратениците ребалансот на буџетот, поднесени над 200 амандмани

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Михалис Рокас со пофалби за реформите: ЕУ гледа голем напредок во реформската агенда на Македонија

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Нова економска реалност: Одржливоста станува клуч за економскиот развој

3 до 4 пати е поголем растот на платите споредено со времето на минатата власт

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Прилози

Се продаде луксузното ауди на Мерко, со парите ќе се вратат само дел од долговите во кои ја заглави Општина Струга

Трета среќа, се продаде луксузниот автомобил „Ауди А6“ на Рамиз Мерко. За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трета среќа, се продаде луксузниот автомобил „Ауди А6“ на Рамиз Мерко. За сума од 22 илјади евра, возилото со волан од змиска кожа, за кое Мерко своевремено искешира 67.000 евра, сега ќе го вози битолчанец. На аукцијата за купување на аудито, кое беше симбол на општинскиот комфор од минатото, биле заинтересирани петмина.

Службениот автомобил со кој своевремено Мерко се развозуваше, сега низ Битола ќе се вози за трипати пониска цена од онаа што тој ја плати пред седум години. Парите од продажбата ќе завршат на сметка на извршителот, а потоа ќе бидат насочени кон подмирување на побарувањата на доверителите.

Продажбата на аудито одеше преку овластен извршител, кој пред четири месеци го заплени автомобилот поради неплатени долгови кои Општина Струга ги има кон повеќе доверители.

Реклама

„Истите средства ќе влегуваат во буџетот на Општина Струга, каде ќе се измируваат долгови од претходно со извршители. Значи, во тој случај општината секако добива со продажбата на аудито. Долгот на општината е околу 7 милиони евра“, вели Менди Ќира, градоначалник на Струга.

Мерко на Ќира му остави во аманет долг кој ја надминува сумата од 7 милиони евра, бидејќи каматите секојдневно растат.

Инаку, за црното „Ауди А6“, струшкиот градоначалник велеше дека воопшто не била скапа лимузина и дека функционери имале скап возен парк, но тој во јавноста бил трн во око, оти бил многу успешен. Пишман бил што не купил уште поскапо возило.

„Каков градоначалник ви се гледам јас, ќе одам со фичо? Стотина аудија, мерцедеси, едно, друго, а јас со опел вектра? Па не вреди еден градоначалник со скинати алишта и слаба кола“, изјави своевремено Рамиз Мерко.

За потсетување, Мерко беше гонет за злоупотреба на службената положба затоа што набавил четири службени возила, меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка. Контроверзниот градоначалник, кој се најде на црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси, куртули од затвор. Судот го ослободи од вина за луксузниот возен парк, тежок околу 114.000 евра.