Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

Нова економска реалност: Одржливоста станува клуч за економскиот развој

Владата ја гледа својата улога како активен партнер на стопанството, чија задача…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ја гледа својата улога како активен партнер на стопанството, чија задача е да обезбеди стабилна и предвидлива деловна средина, а не да ги кочи инвестициите, истакна премиерот Христијан Мицкоски, додавајќи дека Светот се соочува со нови економски предизвици – војни, енергетска криза, инфлација и нарушени синџири на снабдување, порачувајќи дека одржливоста станала предуслов за раст и развој.

Обраќајќи се на форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, Мицкоски посочи дека напорно се работи за креирање на модел на економски развој, кој влева сигурност и е отпорен на кризи.

Во последните години зборот одржливост стана еден од најчесто употребуваните поими во светската економија. Но, зад тој збор не стои само нов стандард или нова регулатива или нов административен процес, зад него стои суштинска промена по која функционира светот. Во таа насока одржливоста не ја гледаме како административна обврска што доаѓа однадвор туку како можност за развој. Ќе работиме на подобар пристап до финансии, намалување на административните процедури, подобрување на инфраструктурата, во еден момент ќе се градат шест делници на автопати“, вели премиерот.

Реклама

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, предупреди дека светската економија се одвива во услови на нова релност.

Нарушените синџири на снабдување, климатските предизвици и новите регулаторни политики создаваат нова деловна реалност. Прашањето не е дали ќе имаме промени, дуку дали промените ќе ги претвориме во економска конкурентност“, додаде министерот.

Постојаниот претставник на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, истакна дека одржливоста не е само еколошка цел.

Како да се остане конкурентен во економија што постојано се менува. Конкурентноста на европа се повеќе ќе зависи од нејзината способност да ја модернизира својата економија. Затоа одржливоста не е само еколошка цел“, вели евроамбасадорот.

Форумот го организираше канцеларијата на ОН во соработка со Стопанската комора и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.