Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Прилози

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Реконструкцијата на Владата носи ново политичко освежување во извршната власт. Експертите оценуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкцијата на Владата носи ново политичко освежување во извршната власт. Експертите оценуваат дека владините промени  ќе ја зајакнат стабилноста на коалицијата и ќе внесат нова енергија во работата на ресорите. Според нив, Премиерот покажа дека има коалициски капацитети и го спроведе тоа на најдобар можен начин.

Очигледно е дека реконструкцијата на Владата пред се не покажа внатрешни проблеми во функционирањето на коалицијата, не покажа дека има одредени проблеми помеѓу трите клучни партнери, како што веројатно се надеваше опозицијата, туку видовме дека ова беше брз краток процес воден од прв до последен ден од Премиерот без мешања од коалицијата. Наликуваше на менаџерска промена на ресори со цел да се наградат кандидати кои покажале амбиции во првите две години.“- вели политичкиот експерт Цветан Чилиманов.

Најголемото изненадување, според аналитичарите се промените во ресорите здравство и култура. Експертите посочуваат дека и покрај амбициите кои ги покажал министерот за здравство сепак ВМРО превзема одговорност за едно од најголемите и клучни министерства.

Реклама

„Министерството за демографија и млади каде што гледаме дека и премиерот покажува интерес на темата демографија. А од друга страна овие министерства се одземени од Влен, од од друга страна и Влен доби три ресори. Влен доби алатки да продолжи со обелоденување, со промени на ресорите кои што Дуи ги водеше на начин на кој што ги водеше и воедно гледаме дека Дуи одбира со Влен да се бори на не план на реформи и економија туку на културолошки план. “- вели Чилиманов.

„ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжат да ја задржува контролата на клучните ресори кои ја дефинираат стратешката насока на владата како што се финансиите, внатрешните работи, надворешните работи.“- вели Џенур Исени.

Според експертите , пстанувањето на клучните ресори кај ВМРО-ДПМНЕ е јасен показател дека партијата е подготвена и во следниот период да го носи најголемиот товар во спроведувањето на владините политики.