Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи  […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска околу 09:50 часот избувнал пожар на отворен простор во непосредна близина на Казнено-поправната установа Велес – Превалец. Пожарот првично бил ставен под контрола за кратко време, но околу 13:00 часот, поради засилениот ветер, огнената линија повторно се активирала и се проширила во правец на селото Војница, Општина Чашка, информира Центарот за управување со кризи  (ЦУК).

На терен интервенираат екипи на ТППЕ Велес со 10 пожарникари и 3 противпожарни возила, доброволците од ДПД Бабуна, вработени од ЈКП „Тополка“ – Чашка, како и вработени од Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес.

Опожарена е површина обрасната со сува трева и нискостеблеста деградирана шума.

Реклама

Од АМСМ информираат дека околу 14:30 часот, поради зафатениот терен од огнот, сообраќајот на регионалниот пат Р-1312 Велес – село Извор е целосно затворен. Сообраќајот се пренасочува преку селото Горно Оризари.