Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Одбележан Денот на македонската адвокатура

Адвокатската комора на Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура, датум што го симболизира институционалното основање на организираната адвокатура во Македонија и нејзината повеќедецениска улога во заштитата на правата и слободите на граѓаните и јакнењето на владеењето на правото. На свеченоста, која се одржа во просториите на Комората, присуствуваа претседателката […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Адвокатската комора на Македонија денес свечено го одбележа 16 Јуни – Денот на македонската адвокатура, датум што го симболизира институционалното основање на организираната адвокатура во Македонија и нејзината повеќедецениска улога во заштитата на правата и слободите на граѓаните и јакнењето на владеењето на правото.

На свеченоста, која се одржа во просториите на Комората, присуствуваа претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Врховниот суд на Македонија, Африм Фидани, Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски, Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески, народниот правобранител Фатон Сељами, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Сашо Георгиевски, раководителот на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов, претседателката на Комората на извршители, Весна Деловска, како и претседатели и претставници на судовите, претставници на државните институции, дипломатскиот кор, меѓународните организации, професионалните комори и органите на Адвокатската комора.

Настанот го отвори извршната директорка на Адвокатската комора, Билјана Тошева, која им посака добредојде на присутните и го покани претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, адвокат Лазо Ѓорѓиевски, да им се обрати на присутните.

Реклама

Во своето обраќање, претседателот Ѓорѓиевски потсети дека токму на 16 јуни 1945 година, по предлог на тогашниот министер за правда д-р Павел Шатев, бил поставен институционалниот темел на македонската адвокатура.

„Денешното одбележување не е само свеченост. Ова е ден на почит кон една професија која веќе 81 година стои исправено во одбрана на правото, слободата и достоинството на човекот“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека адвокатурата отсекогаш била многу повеќе од професија.

„Адвокатурата е глас на граѓанинот пред институциите. Гарант на правото на одбрана. Коректив кога системот ќе потфрли. И еден од најважните столбови на владеењето на правото. Адвокатот не е само застапник пред суд. Тој е чувар на правната сигурност и еден од последните бедеми меѓу моќта и граѓанинот“, порача претседателот на Комората.

Осврнувајќи се на современите предизвици со кои се соочува правниот систем, претседателот Ѓорѓиевски истакна дека иднината бара модерна, силна и обединета адвокатура, способна да одговори на новите општествени и технолошки промени.

„Силата на една држава не се мери само преку институциите што ги има, туку и преку тоа колку е независна, достоинствена и силна нејзината адвокатура“, нагласи тој.

Во своето обраќање тој ја претстави и визијата на новото раководство на Комората, истакнувајќи дека целта е изградба на адвокатура која ќе биде независна во своите ставови, достоинствена во постапувањето, современа во функционирањето и блиска до граѓаните.

„Нашата цел е адвокатура која ќе ги штити интересите на адвокатите, но истовремено ќе биде активен партнер во градењето на правна држава заснована на владеење на правото, а не на привилегии“, рече Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека присуството на претставниците на највисоките државни институции, судската и обвинителската власт, академската заедница, дипломатскиот кор и меѓународните организации претставува силна потврда за значењето што адвокатурата го има во демократското општество и во функционирањето на правната држава.

Со одбележувањето на Денот на македонската адвокатура, Адвокатската комора уште еднаш ја потврди својата определба за зачувување на независноста на адвокатурата, унапредување на професионалните стандарди и градење современа, силна и независна адвокатура како еден од темелите на демократското општество и владеењето на правото.