Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

📷 На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

Во Македонија пристигна технологија која веќе го менува начинот на кој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија пристигна технологија која веќе го менува начинот на кој се изведуваат операции низ светот. Станува збор за ExcelsiusGPS™️ – првиот и единствен роботски навигациски систем во светот што овозможува хируршки зафати на ‘рбетниот столб и на мозокот со неверојатна прецизност и сигурност.

Клиниката за трауматологија

Оваа напредна технологија ја носи Globus Medical, водечки производител на медицински уреди, со цел да го модернизира здравствениот систем и да понуди врвна нега за пациентите во нашата земја. ExcelsiusGPS™️ се користи во водечки болници низ САД, Европа и Азија и сега по првпат е достапен и во регионот.

Роботот, чија презентација се одржа денеска на Клиниката за трауматологија под раководство на д-р Игор Мерџаноски, комбинира навигација во реално време со роботска рака која на хирургот му овозможува точно и безбедно поставување на импланти и инструменти. Тоа значи минимална можност за грешка, побрзо заздравување, пократок престој во болница и значително намалување на болката кај пациентите.

Реклама

Воведувањето на ExcelsiusGPS™️ во македонските болници би бил голем чекор напред за нашето здравство. Оваа технологија не само што им помага на лекарите да работат побрзо и попрецизно, туку и го подигнува нивото на нега кое го добиваат пациентите.

Globus Medical е отворен за соработка со државни и приватни болници, медицински факултети и институции во Македонија. Ќе се организираат бесплатни обуки за хирурзи и медицински персонал, како и јавни презентации за граѓаните за да се запознаат со придобивките од оваа технологија.

ExcelsiusGPS™️ претставува ново поглавје во македонската медицина – време е пациентите да добијат третман по највисоки светски стандарди, тука, дома.