Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

🎥 Ѓорчев: Македонија се консолидира и чекор по чекор оди напред

Добар ден на сите, поздрав од Богданци од југоисточна Македонија, каде што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добар ден на сите, поздрав од Богданци од југоисточна Македонија, каде што денес бевме меѓу граѓаните и на пазар и на зелениот пазар, од кафич до кафич, навистина приемот меѓу луѓето, меѓу народот е одличен, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е дека Македонија застанува на нозе, дека Македонија се консолидира, дека ги санираме работите и чекор по чекор Македонија оди напред.

Тука во овој дел од Македонија имаме голем голем напредок во инфраструктурата, значи потегот од Гевгелија до Богданци имаме нов реконструиран пат, асвалт, цела сообраќајна опрема што навистина е добро за сите граѓани и за повеќе општини во овој дел од југоисточна Македонија.

Реклама

Имаме раст на пензиите, фокусираност на земјоделието, фокусираност на образованието. Така што Македонија застанува на нозе, Македонија оди напред. Да дадеме полна поддршка на владините политики. Значи, едноставно позитивна порака, порака исто така и со Марјан Пеев да му дадеме силна поддршка за градоначалник на Богданци, за да Владата на Македонија застане зад општина Богданци, да имаме поголем број на проекти којшто исто така ќе бидат имплементирани и преку делот на европските прашања, европските проекти“, додаде Ѓорчев.

Значи, ја имаме тука и Викторија Трајков, заменик министер како еден гест од Владата дека имаме фокусираност на општина Богданци. Уште еднаш се најубаво, поздрав, одиме заедно, потенцира Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.