Реклама
Македонија

🎥 Ангелов: Ова што со оваа влада го направив за еден месец, со претходната немаше да го направам за една година

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вчерашното интервју…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вчерашното интервју во емисија на една од националните телвизии рече дека со сите влади со кој соработувал, оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ е далеку помобилна и далеку поангажирана за пожарите.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк:

-Сакам да ве известам, за ова јавноста не знае иако ова е јавен податок, ние за нецел месец извршивме две измени и дополнување на законот за управување со кризи, законот за заштита и спасување, јас искрено мислам дека со претходната влада ова немаше да го направиме ниту за една година, истакна Ангелов.

Реклама

Тој додаде дека за првпат министрите и премиерот се на терен каде што има пожари, како и тоа дека пред неколку дена беа промовирани и нови армиски и полициски возила кои треба да служат за гаснење пожар.