Реклама
Македонија

Јавна расправа за законот за ЈO: Фелата бара законски да имаат поголеми плати и буџет

Поголеми дневници и плати, поголем буџет за повисоко достоинство на јавните обвинители…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголеми дневници и плати, поголем буџет за повисоко достоинство на јавните обвинители – предлози, поддршка и критики за новиот предлог закон за јавното обвинителство. Јавната расправа со правната фела во Собранието треба да ги корегира финалните недостатоци во законскиот предлог. Лидија Раичевиќ од скопското обвинителство, имаше забелешки на законот во однос на висината на дневницата за дежурство и пристапот за јавните обвинители. Според неа, судиите и обвинители не можат да земаат исти плати, но сепак тие имаат многу повеќе работа. Раичевиќ, вели дека достоинството на обвинители е поврзано со нивните примања.

  • „Достоинството на јавниот обвинител, ќе повторам, се гради со неговите примања. Тој коефициент кој што сака Владата да ни го намали, да се внесе во овој закон. Ако е нормативно невозможно да постои гаранција дека нема да ни се намалува и да не дојдеме во ситуација да ние го повикуваме Уставниот суд тој да ни ги решава проблемите. Тоа е срамота за јавното обвинителство“ рече ЛИДИЈА РАИЧЕВИЌ – Јавен обвинител во ОЈО Скопје

Законот предвидува зголемување на процентот на буџетот на јавните обвинители, самостојност во средствата за обвинителството за организиран криминал. Адвокатката Ружица Николовска, ги поздрави нови услови за пријавување за позицијата републички обвинител, но и поострите дисциплинските постапки.

  • „Крајниот став о можноста за обвинител од основно јавно обвинителство да оди директно во државното обвинителство, да се изостави, да настане промена во овој дел, а сето тоа заради подобрување и зајакнување на критериумите за избор на државни обвинители.“ рече РУЖИЦА НИКОЛОВСКА – Адвокат

Професорот  пак предлага и професорите со стаж од 10 години да можат да конкурираат за државен обвинител. Тој предлага и кандидатот да нема државјанство и на друга држава. 

Реклама
  • „Па не гледам зошто не му е дадена шанса на професор на Правен факултет кој исто така десет години одржува предмети по кривично право. Или може да се преформулира професор на Правен факултет кој што претходно работел десет години во правосудните органи. Зошто нему да му се скрати за да он може да конкурира за тоа?“ рече ЌЕБИР АВЗИУ – Професор на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово

Професорката Деаноска Трендафилова посочи дека оценувањето на обвинителите ќе биде на три години наместо четири, што секако ќе влијае на нивната ефикасност. Сега секој обвинител кој добил казна затвор, без разлика за колку месеци или години се работи тој нема да врши функцијата.  

  • „Во рамките на принципите на хиерархија и субординација, јавниот обвинител, затоа сега немаме јавен обвинител и заменици, туку јавни обвинители, мора да биде заштитен во поглед на самостојноста“ рече АЛЕКСАНДРА ДЕАНОСКА ТРАНДАФИЛОВА – Правен факултет „Јустинијан Први“ Скопје

Законот позитивно ги мина филтрите на Вененцијанската комисија. Со него се предвидува избор на нов републички обвинител со јасно дефинирани критериуми и механизми кои обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап при изборот на најквалитетните кандидати. Процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет. Обвинителите ќе мора да одлучуваат за дисциплинска одговорност во прецизни и обврзувачки рокови, што би требало да воспостави појасна одговорност кај обвинителското функционирање.