Реклама
Македонија

Јанкулоска: СЈО беше политички инструмент, а не правна институција

Застарел дел од предметот „Талир 1“, поврзан со наводното нелегално финансирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Застарел дел од предметот „Талир 1“, поврзан со наводното нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе биде повторно разгледуван, а судењето ќе почне од почеток по шести пат.

поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска оцени дека дел од случајот никогаш не требало да биде предмет на кривично гонење доколку надлежните се воделе според законот и правдата, а не според политички диктати.

„СЈО и сите таму беа ставени за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7. Се занимаваа со се освен со тоа за што беа формирани. Водеа кадровска политика во политичките партии преку политички прогон, ‘билдаа’ партиски рејтинзи за изборни цели, преку закани и притисоци одбираа владини партнери не според освоени гласови туку според дневно политички потреби“, напиша Јанкулоска на социјалните мрежи.

Реклама

Таа нагласи дека проблемот не е ниту во Кривичниот законик од 2023, туку во правниците кои „во се гледале математика и терале политика, си кркаче незаконски бонуси и десет години парадираа до судовите како холивудски ѕвезди“. Јанкулоска оцени дека нивните кариери не биле градени на резултати или квалитет, туку на сервилност кон претходната власт.