Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Јаневска на потпишување Меморандум за соработка за циркуларната економија помеѓу УКИМ, Градежниот, Економскиот факултет и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија

Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија помеѓу УКИМ, заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меморандум за соработка во областа на циркуларната економија помеѓу УКИМ, заедно со Градежниот факултет и Економскиот факултет и партнерските институции од Северна Рајна-Вестфалија ќе биде потпишан денеска на настан во Ректоратот на УКИМ, на кој ќе присустува и министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

УКИМ, настанот го организира со Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, а Меморандумот ќе биде потпишан со два германски универзитети Technische Hochschule Köln и FernUniversität Hagen, а како партнери од македонска страна се Градежниот и Економскиот факултет.

Меморандумот ќе овозможи унапредена меѓуинстутиционална соработка во областа на зелената транзиција и циркуларната економија во градежништвото, теми кои се дел од  основните цели на ЕУ агендата, кои треба да се исполнат во следната декада.

Реклама

На настанот ќе присуствува и германската амбасадорка, Петра Дрекслер.