Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта

Градот Скопје интензивно продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во скопските средни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градот Скопје интензивно продолжува со унапредување на спортската инфраструктура во скопските средни училишта, следејќи ја визијата за создавање здрави, активни и мотивирани генерации. Инвестициите што се реализираат во моментов, како што вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставуваат важен чекор кон обезбедување современи услови за спорт и рекреација, кои ќе им овозможат на средношколците повеќе можности за развој, дружење и градба на спортски навики. 

-Со поставување фокус на квалитет, безбедност и функционалност, новите и реконструираните терени стануваат директна инвестиција во иднината на младите и темелот на посилно и поенергично Скопје. Нови и модерни спортски терени добиваат средните скопски училишта. Горд сум кога нашата визија што ја градиме, полека добива своја форма, што ми дава уште поголема инспирација и мотив да продолжиме уште посилно. Со силна и јасна цел да ги мотивираме средношколците да живеат здраво, ставаме огромен фокус во инвестирањето во спортската инфраструктура. Ова е инвестиција во здрави генерации кои се темелот на нашата иднина, изјави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Во моментов, како што посочи, се во реализација нови и реконструирани спортски терени, во училишта: СУГС „Браќа Миладиновци“ – повеќенаменско спортско игралиште, СУГС „Здравко Цветковски“ – повеќенаменско игралиште со специјално уредени спринт-патеки, СУГС „Димитар Влахов“ – ново фудбалско и кошаркарско игралиште, СУГС „Кочо Рацин“ – фудбалско игралиште, терен за одбојка и целосно реконструиран под во спортската сала, СУГС „8 Септември“ – игралиште за кошарка и одбојка и СУГС „Ѓорѓи Димитров“ – тениско, кошаркарско и фудбалско игралиште.

Реклама

-Сите овие терени се градат со високо-квалитетни и издржливи материјали, односно полипропиленски спортски подови од ист тип како оние што се користеа на Летните Олимписки игри во 2024 година. Ова е стандарден избор кога се сака безбедност, издржливост и професионални услови за тренинг. И тука не застануваме. Спортот е навика, дисциплина, карактер и тимска работа. Затоа, во континуитет ќе продолжиме да ја развиваме и унапредуваме спортската инфраструктура низ целото Скопје. Затоа што Скопје заслужува, а младите, повеќе од било кој, портенцира Ѓорѓиевски.