Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Ѓорѓиевски: Наша должност пред идните генерации е да го сочуваме и пренесеме светото наследство на светите браќа Кирил и Методиј

Денес го чествуваме делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии заслуги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес го чествуваме делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии заслуги се трајно врежани во светската историја, во духовната меморија на народите и во темелите на нашата писменост, култура и идентитет, нагласува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во честитката по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј. 

– Нека е за многу години Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители! Од Моравската мисија, започната токму на овој ден, се отвори патот на словенската писменост и духовност, што низ вековите ја обликуваше нашата денешнина и ни остави аманет што мора да го чуваме со достоинство. Нивното дело е завет. Завет дека јазикот, писменоста, верата, културата и идентитетот се најсилните столбови на еден народ – вели тој во честитката објавена на социјалните мрежи.

Ѓорѓиевски посочува дека наша должност пред идните генерации е да го сочуваме и пренесеме ова свето наследство.