Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Ѓорѓиевски најавува голема теренска посета низ сите скопски општини

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓоѓриевски најави досега најголема теренска посета низ сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓоѓриевски најави досега најголема теренска посета низ сите скопски општини, која ќе започне утре со посета на Кисела Вода.

Скопскиот градоначалик во објавата на Фејсбук, во кои ги најавува теренските посети, истакна дека првата ќе биде во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода утре во 19:30 часот.

Започнуваме голема теренска посета во сите скопски општини! Почитувани, Скопје се гради со работа, со збор што се исполнува и со гласот на граѓаните. Вашиот глас, вашите потреби и вашите барања се нашата водилка во визијата за достоинствено, уредено и модерно Скопје. Затоа, започнуваме досега најголема теренска посета низ сите скопски општини. Доаѓаме директно кај вас, во вашата општина – истакна Ѓорѓиевски.

Реклама

Објавата може да ја погледнете на следниот линк:

Тој посочи дека ќе ги слушнат проблемите од лице место, ќе направат увид во проектите што се започнати, ќе разговараат за она што треба да се реализира и ќе ги решаваме работите таму каде што најмногу значат, меѓу граѓаните.

Најави дека заедно со него ќе бидат и директорите на јавните претпријатија на Град Скопје, како и претставници од градските сектори, за граѓаните директно да постават прашања, да дадат предлози и да добијат конкретни одговори, но и брза реакција и брзо решение.

-Теренот е мојата природна средина. Меѓу народот, очи во очи со граѓаните, таму каде што се гледаат реалните проблеми и каде што се носат вистинските решенија – таму се чувствувам дома. За само шест месеци успеавме да откочиме, започнеме и реализираме бројни проекти кои со години беа заборавени, заглавени или оставени без волја за работа. Денес, Скопје е големо градилиште. Град во кој се работи, се создава и се испишува нова историја – поубава, посилна и подостоинствена за секој скопјанец – нагласи Ѓорѓиевски.