Македонија денес го има најниското ниво на криминалитет во последните 20 години, запленети над шест тони дрога, за 300 проценти зголемена заплена на кокаин, „Сејф сити“ спасува животи, со засилена работа на полицијата и меѓународна соработка, во изминативе две години намален вкупниот криминал, постигната ефикасност од 69 проценти. Според првиот полицаец Панче Тошковски ова се најважните постигнати резултати во првата половина од неговиот мандат.
Особоено значајни се бројките во борбата против организираниот криминал. Бројот на сузбиени групи со коруптивно делување е шест, што е зголемување за 50 проценти. Кривично се гонат 146 физички и 18 правни лица, откриени се околу 500 кривични дела, а бројот на сторители надминува 1.000 лица.
-Сузбиени се над 30 организирани криминални групи, кои дејствувале во различни области, од недозволена трговија со дрога и корупција, до криумчарење на мигранти, недозволена трговија со оружје, фалсификување пари, недозволена трговија со луѓе и други тешки облици на криминалитет. Зад овие бројки стојат пресечени криминални канали, спречени криминални активности и испратена јасна порака, дека никој не е над законот, кажа Тошковски во својот отчет.

Министерот Тошковски особено е задоволен од бројките во однос на борбата со трговијата со дрога. Според него тоа укажува на зајакнатите капаците за откривање и спречување на меѓународните канали за трговија со дрога.
-Сузбиени се 11 организирани криминални групи, спречени се девет меѓународни транспорти на марихуана и кокаин, откриени се три импровизирани лаборатории. Откриени на 1.600 кривични дела, со пријавени околу 1.900 сторители, додека запленети се околу 6,2 тони на разновидна наркотична дрога. Осоебено значајно е што заплените на кокаин се зголемени за 300 проценти, кажа Тошковски.
Тошковски потенцираше дека особено радува имплементација „Сејф Сити“, заклучно со 22 јули за нешто повеќе од пет месеци регистрирани се над 120 илјади сообраќајни прекроци, од кои повеќе до 95 проценти се однесуваат за брзо воезење. Министерот смета со предвидената динамика, до крајот на годинава се очекува овој систем да биде целосно имплементиран на територијата на целата држава.
-Од почетокот на неговото применување, втори февруари 2026-та година, во првите пет месеци забележано е намалување на бројот на загинати за некаде околу 40 проценти, односно 34 загинати лица, наспроти 55 во истиот период од претходната година, кажа Тошковски.
Успешни резултати се постигнати и во спречувањето на недозволена трговија со оружје. Запленети се над 550 парчиња, сузбиена е една поликриминална организирана група, а забележан е и значителен пораст на запленета пиротехника. Бројот на тешки кражби и кражби е намален за повеќе од 30 проценти, додека разбојништвата и разбојничките кражби се намалени за над 40 проценти. Кај насилниот криминал, бројот на извршени убиства е намален за 4 проценти. Тошковски е задоволен од својата работа, но вели дека има уште многу да се сработи и дека таму треба да останат тие кои во моментов се во МВР.
Матеја Петровски
