Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

СДСМ е во слободен пад, ВМРО-ДПМНЕ чека победа на избори, но колкава ќе биде зависи од неопределените

Скандалите со коридорите, злоупотребата на европското знаменце, договорите во четири очи, корупцијата,можноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалите со коридорите, злоупотребата на европското знаменце, договорите во четири очи, корупцијата,можноста за ништење на идентитетот на државата со внесување на Бугарите во уставот – СДСМ дури треба да е среќна што на последните анкети има каков, таков рејтинг, сметаат дел од аналитичарите. Убедливото водство на ВМРО-ДПМНЕ не е за изненадување, ако се има в предвид цврството водство на партијата и битката за спас на државата.

Тоа се должи на огромниот криминал и корупција што се случува во Македонија, се она поврзано со Бехтел и Енка, судскиот совет, поддршката што ја дава на градоначалничката, сето тоа влијае да ВМРО има толкав рејтинг во однос на СДСМ, вели за Алфа Синиша Пекевски – аналитичар / комуниколог.

Според последната анкета на ИПИС, ВМРО-ДПМНЕ ужива повеќе од 7 проценти доверба од граѓаните пред СДСМ. Според експертите, тоа што треба сега да направи опозицијата е да ги привлече на своја страна неопределните, кои според последната анкета ги има во огромен број. Според комуникологот Кордалов, така високата бројка на неопределени се должи на игнорирањето на партиите да ги чујат егзистенцијалните проблеми на народот, со што граѓаните се доведени во состојба на апатија. Советува конечно политичките актери да зборуваат на јазикот на гласачите и да се фокусираат на вистинските проблеми, ако сакаат да ги придобијат оние кои немаат доверба во нив.

Реклама

Давањето отпор и немањето желба да се гласа за кое сведучиме секои избори за намалување на процентот во демократска смисла не значи придобивка туку апатија, односно оттргнување на луѓето од партиите, институциите, се губи доверба која основно ни треба во едно општество. Советот е конечно да се адресираат проблемите кои луѓето ги мачат, тоа е економијата, грижата и стравот за егзистенцијалните цени на производите и сл. Тоа се теми кои се поврзани со можност за невработување, бегство на младите од Македонија, вели за Алфа, Бојан Кордалов – комуниколог.

И на последната анкета од ИПИС, како и на онаа пред неа од истиот институт, но и на последната анкета на НДИ, континурани се поголемите бројки доверба на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Мицкоски, наспори оние на СДСМ и Ковачевски, сепак на речиси сите анкети се забележува голем број на анкетирани кои немаат доверба во ниедна партија, ниту пак политичар.

Мери Симоновска