Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Разрешена претседателката на Судскиот Совет Дамева

„Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи со седницата. Утре,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
  • „Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи со седницата. Утре, во 11 часот закажуваме нова седница. За денеска седницата е завршена“, констатира заменик-претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми.

Се отвори пандорината кутија и заменикот на Судскиот совет ја разреши Весна Дамева од позицијата претседател.

  • „Претседателот, иако е во салата, заменикот самоволно му го одзема раководењето и става точка на дневен ред. Јас сум ваш заложник и на луѓето што ви дадоа налог за седницата да се прекине“, рече Дамева.

Препирања, обвинувања, навреди, караници – Судиите во Советот на виделина ги извадија сите несогласувања. Писмото од амбасадорката Агелер само додаде масло на оганот кој веќе горел помеѓу членовите на Судскиот совет. Заменикот на претседателката Дамева уште на почетокот на седницата побара таа да си поднесе оставка, ако не имал план Б, да се предложи нејзино разрашување, што се реализираше. Како што обвини Селим Адеми, Дамева го блокирала изборот на судии во Апелација со непотпишување на анекс-договорот.

  • „ Не може да се седи со сила претседател, кога мнозинството не е задоволно од работењето. Јас очекувам, Весна да постапува свесно и одговорно и да каже за мир во куќа ‘Еве јас си давам оставка’. Пак ние ќе избереме претседател. Пак од нас ќе има претседател. Добро е да биде претседател од редот на судиите. Ако не, некој ќе треба да предложи разрешување на претседателот на Судски совет“, рече Селим Адеми, потпретседател на Судски совет.

4 часа траеа меѓусебните возраќања меѓу членовите. Кавга изби и помеѓу сегашната и екс-претседателката Црвенковска, бидејќи Дамева не ги известила за писмото на Агелер членовите на Судскиот совет.

Реклама
  • „Вашиот монолог ги заменувате тезите. Излегува дека вие сте тие што се борите на законито работење на Судскиот совет, а нас, другите челнови, нè деградирате и навредувате дека не сме за законито и совесно работење“, рече Црвенковска.
  • „Многу сте нервозни, колеги, забележувам, очигледно Весна Дамева треба да се разреши, но Дамева не е проблемот“, рече Дамева.

Зоран Герасимовски, ја прекина седницата на Советот, со зборовите „Ова на ништо не личи“.

Сега разрешената директорка од нејзиниот заменик Дамева тврди дека нема притисоци и нема да потпишува штетни договори.

  • „Ви благодарам многу, ме спасивте мене, оваа одлука е противзаконска. Но, нечии желби треба да бидат исполнети. Со гласање од седум гласа, каде што нема утврдено ниту основ за разрешување ниту број на гласови со кои се носи одлуката, ме разрешуваат… “ рече Дамева.

Инаку во писмото на амбасадорката Агелер испратено до судските и извршни органи таа изразува загриженост и разочараност поради состојбите во судството но и корупцијата.

Викторија Миткова