Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

По повод Петровден, митрополитот брегалнички Иларион го освети и пресече славскиот колач

– Во Паркот на Револуцијата во Кочани, пред фонтаната и мозаикот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Паркот на Револуцијата во Кочани, пред фонтаната и мозаикот со ликовите на светите апостоли Петар и Павле, во присуство на многубројни верници, митрополитот Брегалнички г. Иларион, синоќа, во чест на празникот на градот – Петровден,  го освети, пресече и благослови славскиот петровденскиот колач и на сите жители на Кочани им посака здравје, мир и благосостојба.

Претходно, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, Митрополитот Брегалнички, г. Иларион, во сослужение со повеќе свештеници од Кочанското архиерејско намесништво, отслужи вечерна богослужба, по што голем број верници се упатија на свечена литија кон Паркот на револуцијата.

Обраќајќи им се на присутните од пред мозаикот на светите апостоли Петар и Павле, митрополитот Брегалнички г. Иларион порача:

Реклама

-Нека Господ Бог по нивните молитви ни подари душевно и телесно здравје, мир, љубов, заедница, единство и слога, нека Господ Бог секојпат ги услишува нивните молитви за нас, нека се молат за нас и за целиот свет за мир во светот, за мир во татковината наша, за мир во нашите домови и за мир во нашите души. Но исто така како што учи Светата црква, Бог е Бог на живите и пред Бога нема умрени, така денеска покрај сето тоа што го празнуваме овој апостолски празник, и овие врховни апостоли, ние којшто сме во земната црква се помоливме и за починатите во небесната црква којшто ете по Божја промисла Бог ги повика да бидат со Него и со ангелите во небесната црква. Се помоливме и за нашите пострадани дечиња коишто пострадаа овде во Кочани, но сигурно и силно веруваме дека и тие, стоејќи заедно со ангелите кај Бога, се молат одозгора за нас и со тоа покажуваме дека една Црква, еден Господ и дека сите се живи пред Господа и во Господа. На сите вас многу здравје, радост и благослов, на починатите вечен и мирен спомен, а на повредените им посакуваме побрзо закрепнување, здравје и светите апостоли да измолат и за нив исцеление и во душите нивни мир и радост. Нека е честит и вечен празникот Петровден, порача Владиката г. Иларион.

Многубројните верници што присуствуваа на овој верски обред,  упатија молитви до светите апостоли Петар и Павле за здравје, берикет и благослов за сите граѓани.

На Петровденската литија и кршењето на славскиот колач присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, како и пратениците во Собранието, Миле Лефков и Драган Ковачки.

Одбележувањето на Петровден продолжи синоќа во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ со Духовна академија и настап на музичкиот состав „Портал“.