Реклама

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Македонија

Манасиевски: Опозицијата на чело со СДСM, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Опозицијата на чело со СДСM, Левица и ДУИ не се бори за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опозицијата на чело со СДСM, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик.

За првпат по подолг период постоеше реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус.

Со месеци сите политички партии беа вклучени во разговорите, се усогласуваа текстови, се прифаќаа предлози и се бараше решение кое ќе биде прифатливо за сите.

Реклама

Но, кога требаше договорот да биде финализиран, СДСM, Левица и ДУИ решија да се повлечат и да го блокираат целиот процес.

Наместо Македонија да покаже политичка зрелост и да испрати порака дека најважните закони можат да се носат со договор, опозицијата избра конфронтација и дневнополитички пресметки.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува на ставот да опозицијата седне и се договори што сака, а ние тоа веднаш ќе го прифатиме, само да се олесни гласањето на дијаспората.

Одлуката да не се искористи оваа можност и на следните избори пак да сме со стариот ИЗ е исклучиво одговорност на СДСM, Левица и ДУИ.