Реклама

Еуроњуз: ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во реформите – меѓу кои и Македонија

Владата ќе пресече за цените – за една недела готови анализите за 700 прехранбени производи

Испораката на воената опрема во завршна фаза, склучени нови договори со САД

Алфа анкета: Родителите имаат клучна одговорност во воспитувањето на децата

Отчет на Димитриеска-Кочоска: Висок раст, стабилни јавни финансии и зголемени приходи

За Филипче секој што не мисли како него е непријател- се погласни повиците за промени во СДСМ, лидерот во своја одбрана само напаѓа

Состојбата во Скопје по поплавите за рекордно кратко време се нормализира, се расчистуваат штетите

Мицкоски: СДСМ и Левица ја казнуваат дијаспората со 13 илјади амандмани

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Македонија

Димитриеска-Кочоска задоволна од наплатата на даноците, најави измени во однос на глобалниот минимален данок

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е задоволна од наплатата на даноците. Како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е задоволна од наплатата на даноците. Како што рече денеска по отчетот за сработеното во изминатите две години, јуни има сериозен раст на сите даночни приходи – ДДВ, данокот на личен доход и данокот на добивка добивка, кој во однос на јуни 2025 е многу поголем од она што се очекувало и планирало.

Исто е, истакна министерката, и кај увозните давачки, и тука има сериозен раст,а за резултатите кај акцизите состојбата најдобро ќе се види во јули.

Одговорајќи на новинарски прашања, Димитриеска-Кочоска најави и измени во однос на глобалниот минимален данок.

Реклама

– Задоволна сум од она што е поставено како таргет кога станува збор за УЈП и Царинската управа. Во однос на глобалниот минимален данок – пријавувањето беше во тек, но имаме промени, кои беа побарани од ОЕЦД и од сите земји што го имаат овој данок. Оваа одлука помина на Влада во вторникот. Ќе правиме измени – до крајот на годината ќе може да се поднесуваат пријавите зашто повеќето од компаниите имаа проблем со мајките компании и државите во кои се наоѓаат. Со оваа законска измена нема да има прекршочни одредби за неподнесување пријави и се планира централизиран систем – на светско ниво, сите компании, централизирано ќе ги поднесуваат пријавите. До 31 декември ќе треба да стигнат кај нас, а ако не стигнат, ќе треба да се преземаат конкретни мерки. Имаше и поведување уставност, но потврдено е дека законот е во согласност со Уставот, што е уште една потврда на посветената работа на Министерството за финансии – истакна Димитриеска-Кочоска.

Претходно, во отчетот, таа детално се осврна на сработеното во институциите што се под ингеренции на Министерството. 

– Управата за јавни приходи во изминатите две години блежи континуиран и стабилен раст на приходите, што е резултат на зголемената економска активност, но и на засилената ефикасност на УЈП. Во изминатите две години преку инспекциските контроли е утврден дополнителен данок во износ од 5,2 милјарди денари, што е зголемување од над 70 отсто во 2025 година во однос на 2024 година. Во истиот период изречени се над 13.500 глоби, а поднесени се 78 кривични пријави за сомнежи за штета врз буџетот од речиси 995 милиони денари во споредба со само 15 пријави во претходниот период. Паралелно со засилената контрола, УЈП спроведува длабока дигитална трансформација и унапредување на услугите. Во 2025 година беше воведена новата дигитална услуга е-уверение за остварен доход. Значително е унапредено и издавањето уверение за состојба на даноци со цел негово целосно дигитализирање. Автоматизирани се клучни делови од процесот за поврат на ДДВ, со што се забрзува обработката и се намалува административниот товар – рече министерката.

Во насока на модернизација на системите, спроведено е, потсети, спојување на порталите за даночни пријави и подобрени се контролите за поврат по годишни даночни пријави. Овозможено е и поднесување пријави во согласност со новата регулатива за минимален глобален данок, како и имплементација на софтвер за новиот модел на работно ангажирање лица. Клучен сегмент, според министерката, е и воспоставувањето систем за управување со ризици на даночна усогласеност, како и развиениот интерен аналитички софтвер, кој автоматски ја пресметува ризичноста на ДДВ-пријавите врз основа на 18 критериуми, со што значително се зголемуваат објективноста и брзината на одобрување на повратите.

– Во делот на институционалните и ИКТ-капацитети, реализирана е најголемата поединечна инвестиција во историјата на УЈП, 2,6 милиони евра за ИКТ-инфраструктура и кибербезбедност, со што првпат е воспоставена секундарна локација и обезбедени се повисока стабилност, сигурност и континуитет во работењето. Во тек е и реформата е-УЈП – нов интегриран даночен систем. Проектот „Е-фактура“ е во напредна фаза – се спроведуваат обуки, презентации и тестирања со компании. Овој систем ќе овозможи целосна дигитална трага на трансакциите, поефикасна наплата на приходи, намалување на сивата економија и значително поедноставување на работењето на стопанството – рече министерката.

Царинска управа, како што информира, реализира значителен напредок во сите клучни сегменти од своето работење, со директен придонес кон зајакнување на фискалната стабилност, безбедноста и економската отпорност на државата. На оперативен план се зајакнати капацитетите за контрола и сузбивање нелегални активности, при што се спречени над 2.700 обиди за нелегални дејства, со што е значајно придонесено за заштита на државната сигурност и интегритетот на царинскиот систем.

– Во истиот период се евидентирани речиси 950 случаи на заплени, што укажува на засилена теренска активност и подобрена ефикасност во откривањето недозволени стоки и прекршувања. Во делот на истражните капацитети, во втората половина од 2024 година се поднесени 70 кривични пријави, што претставува речиси 80 проценти од вкупно поднесените пријави оваа година, а во 2025 година е забележано дополнително засилување на активностите со поднесени 213 кривични пријави, што е петкратно зголемување во однос на годишниот просек во периодот 2017 – 2023 година. Вкупно, од почетокот на мандатниот период, преку Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, поднесени се 374 кривични пријави против 854 физички лица и 283 правни лица, што ја потврдува засилената и континуирана борба против организираниот и економскиот криминал. Во реформскиот сегмент, со средства од државниот буџет, грант-средства од Европската Унија и Република Кореја, како и финансиски средства од Светската банка, се реализираат проекти со вкупна вредност од речиси 30 милиони евра насочени кон унапредување на институционалните капацитети, зголемување на конкурентноста на македонската економија и забрзување на интеграцијата во единствениот пазар на Европската Унија – напомена Димитриеска-Кочоска.

Во тек е, додаде, реконструкција и модернизација на граничните премини Ќафасан, Деве Баир, Делчево, Клепало и Маркова Нога, со цел унапредување на инфраструктурните и техничките услови за побрз и поефикасен проток на патници и стока, зајакнување на безбедносните и контролни стандарди, како и приближување на граничното работење кон европските практики и стандарди. Истовремено, се спроведува и реконструкција и техничко унапредување на сервер-салата на Царинската управа, како и надградба на НКТС 5-системот, со кој се зајакнува дигиталната инфраструктура, се зголемува сигурноста на податоците и се овозможува поефикасно, побрзо и посовремено функционирање на царинските ИТ-системи. Во тек е и имплеметнација на новиот национален едношалтерски систем. 

– Управата за финансиска полиција во изминатите две години значително ги засили активностите во борбата против финансискиот криминал, со фокус на заштита на јавните финансии, спроведување финансиски истраги и откривање незаконски стекнат имот. Во овој период беа поднесени 83 кривични пријави против 222 физички и 84 правни лица, како и 405 известувања до надлежните јавни обвинителства, при што се утврдени вкупна финансиска штета и противправна имотна корист во износ од над 5,5 милијарди денари. Истовремено, значително е зголемена примената на финансиските истраги како клучен инструмент за откривање и одземање незаконски стекнат имот, а по стапувањето во сила на Законот за конфискација на имотот во граѓанска постапка, Управата активно ги применува и новите механизми за обезбедување и конфискација на имот. Овие резултати ја потврдуваат нашата определба за бескомпромисна борба против финансискиот криминал, заштита на буџетските средства и јакнење на владеењето на правото – нагласи Димитриеска-Кочоска.

Управата за финансиско разузнавање во изминатите две години, рече, значително го зајакна националниот систем за спречување перење пари и финансирање тероризам преку усогласување со европските и меѓународните стандарди. Беа усвоени Националната процена на ризик и новата Национална стратегија, донесени се законски измени и акциски планови за исполнување на препораките на MONEYVAL, а посебен фокус беше ставен на новите ризици поврзани со криптосредствата.

– По спроведените надзори на Управата за финансиско разузнавање, поради непостапување во согласност со одредбите поврзани со обврската за пријавување сомнителни трансакции, во 2024 година на една банка ѝ е наплатена глоба во вкупен износ од 46.000 евра. Во 2025 година поради вакви неправилности наплатени се глоби од три субјекти, две банки и едно финансиско друштво, во износ од 80.500 евра. Покрај финансиските санкции, во 2024 година беа изречени и корективни мерки со препораки за отстранување утврдени недостатоци кај вкупно четири субјекти, и тоа една банка, едно лизинг-друштво, еден приредувач на игри на среќа во казино и еден приредувач на игри на среќа во обложувачница – информира министерката.

Таа оцени и дека Бирото за јавни набавки во изминатите две години направи значаен исчекор во модернизацијата и дигитализацијата на системот за јавни набавки.

– Го надградивме електронскиот систем за јавни набавки со нови функционалности, кои ги поедноставуваат постапките, ја намалуваат административната работа и обезбедуваат поголема ефикасност и транспарентност. Посебно значаен резултат е интеграцијата на податоците за вистинските сопственици на компаниите во системот за јавни набавки. Денес, кај над 99 проценти од повеќе од 19 илјади објавени договори овие информации се јавно достапни, што претставува силен механизам за зголемување на отчетноста и спречување на злоупотребите. Истовремено, го зголемивме користењето на е-пазарот за набавки од мала вредност, го унапредивме системот за следење ризици преку индикаторите за црвени знаменца, а реформите во јавните набавки добија позитивна оценка и од Европската комисија и од Светска банка – посочи Димитриеска-Кочоска.

За Управата за имотноправни работи, истакна дека исто така постигна значителен напредок во забрзувањето на управните постапки и реализацијата на капиталните проекти.

– По надминувањето на затекнатиот застој, динамиката на решавање на предметите за приватизација на градежното земјиште беше повеќекратно зголемена, при што од јули 2024 до јуни 2026 година се донесени речиси 20 илјади решенија. Истовремено, Управата имаше клучна улога во реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти преку спроведување на над 5.700 постапки за експропријација, со што директно придонесе за забрзување на изградбата на коридорите 8 и 10-д, автопатот Кичево – Охрид, како и на многубројни локални и енергетски проекти. Паралелно со оперативните активности, работевме и на унапредување на законската рамка и поедноставување на постапките, со цел поефикасни услуги за граѓаните и побрза реализација на инвестициите – рече Димитриеска-Кочоска.