Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Делчевчани уште ја чекаат владината одлука за обештетувањето по невремето

Делчево се уште чека Владата да донесе одлука за тоа колку пари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делчево се уште чека Владата да донесе одлука за тоа колку пари ќе и даде на општината за да се санират штетите во патната инфраструктура, направени од невремето минатата недела. Извештајот  во кој е нотирано дека се потребни само еден милион евра за да се ревитализират раскопаните и пресечени улици, општината до Министерството за транспорт и врски го испрати уште во понеделникот.  Дополнително ќе се прави проценка за санирање на атмосферската канализација, мост на река Брегалница, како и регулирањето на водотеците.

  • „Имам информација дека е разгледуван во вторник на седница, но одлука се уште не е донесена  и кога ќе биде донесена одлуката немам информација и не знам колку средства ќе бидат одобрени за да можеме да ги санираме штетите што настанаа по поплавата во Делчево„ изјави Горан Трајковски,градоначалник на Делчево.

На терен се санираат штетите. Опасноста од уривање на две куќи поради свлечиште се уште постои. Во текот на вчерашниот ден се ставаа вреќи со песок , за да се превенира понатамошно сливање на водата врз земјата и лизгање на земјиштето. Делчево отвори и донаторска сметка. Засега има пари само од приватни и физички лица. Постапката за финансиска помош од општините е во тек. Комисијата за проценка на штети секојдневно прима барања.

  • „120пријави имаме пристигнато. Рокот се уште трае. Најчесто тоа се поплавени куќи, мебел,бела техника. Има и автомобили и за нив пријавуваат граѓаните„ изјави Трајковски.

Во меѓувреме во источниот регион состојбата со водостојот во браните е стабилна. Во текот на ноќта од своето корито се излеаја Кочанска и Оризарска река. Поплавени се земјоделски површини. Брана „Калиманци е на 15 сантиметри од прелевање, но засега не постои опасност од поголеми поплави. 

Реклама

Александра Ристевска