Реклама
Свет

Врвните спортски лиги во САД протестираат поради новите случаи на полициска бруталност

Бројни американски спортски професионални лиги, во знак на протест против полициското насилство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести


Бројни американски спортски професионални лиги, во знак на протест против полициското насилство ги прекинаа активностите. Како нова причина за овој досега невиден бран протести во американските спортови е случајот со Афроамериканецот Џејкоб Блејк, кој беше застрелан во грбот од полициски службеник во градот Кеноша, и моментално е во болница, се бори за животот. Кошаркарите на Милвоки го поттикнаа протестното движење откако први го бојкотираа својот плеј-оф меч против Орландо. Веднаш се одложија и останатите два меѓу Лејкерс-Портланд и Хјустон-Оклахома, а се приклучија и нивните колешки од женската НБА. Револт со неиграње објави и фудбалската МЛС, како и најсилната бејзбол лига.