Реклама

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати секаков договор за Изборниот законик ако е вклучено гласањето на дијаспората

Координаторот на пратничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска ги повика опозициските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Координаторот на пратничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска ги повика опозициските партии да постигнат договор за измените на Изборниот законик до 15 јули нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат доколку во неа биде предвидено гласање на дијаспората.

Стојаноски на прес-конференција во Собранието истакна дека работната група составена од координаторите на пратеничките групи одржала средби во саботата и во вторникот, кога, како што посочи, ВМРО-ДПМНЕ излегла со понуда за надминување на разликите за Изборниот законик.

– Денеска е петок, сè уште немаме никаков одговор на понудата што ја произнесовме, не се најавува никаква иницијатива за средба помеѓу опозициските партии. В понеделник е веќе 13 јули, крајниот рок што го имаме како држава да ја заокружиме оваа цел за да имаме 10 од 10 исполнети задачи, краен рок е 15 јули, сметаме дека оваа тема е пресериозна за да се политизира по неа – вели Стојановски.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ, додава, ќе прифати сѐ што ќе договорат опозициските партии ДУИ, СДСМ, Левицата, како и блокот на Зијадин Села и Арбен Таравари, без разлика дали станува збор за една изборна единица, моделот на финансирање на политичките партии или механизмите за изборни приговори.

– Сѐ што тие ќе стават во еден законски текст, ние ќе го прифатиме сè додека во него е вклучено гласањето на дијаспората. Даваме бланко-поддршка и веднаш ќе го потпишеме таквото законско решение – посочува Стојаноски.

Вели сѐ уште има време до 15 јули да се постигне договор и повторно ги повика опозициските партии да седнат на заедничка маса и да ги надминат разликите.

Според Стојаноски, разните ставови за една изборна единица, финансирањето на политичките партии и другите прашања не треба да бидат пречка за постигнување договор доколку се обезбеди право на глас на дијаспората.

– Дали конкретно се работело за една изборна единица, би го прифатиле она што тие ќе го договорат. За финансирањето на политичките партии, исто така модел што тие би го договориле, ние би го прифатиле моделот за поплаки што сметаа дека треба да биде внесен, и него би го прифатиле сè додека во сето тоа е вклучено гласањето на дијаспората. Што сакаат, како сакаат, за што тие сметаат дека треба да бидат прифатени, за нас ќе бидат прифатливи, веднаш даваме бланко-поддршка, го потпишуваме тоа законско решение што тие би го доставиле до нас сè додека е вклучено гласањето на дијаспората – рече Стојановски.