Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Влада не го знае терминот за лидерска, аналитичари: ставовите на Mицкоски се државнички

Ковачевски рече ќе го викнел Мицкоски на лидерска, ама засега ниту го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ковачевски рече ќе го викнел Мицкоски на лидерска, ама засега ниту го направил тоа, ниту пак се знае кога ќе го викне и каде истата ќе се оддржи. Од Владата се’уште не откриваат никакви информации поврзани со лидерската, не кажуваат ниту во каков формат ќе биде, кој се ќе биде поканет, дали ќе биде само меѓу првиот човек на Владата и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе бидат поканети само претседателите на поголемите партии или пак сите партии кои имаат претставници во Собранието. Според неофицијални информации на Алфа лидерската е во план да се одржи идната недела, оти Ковачевски не е во Македонија.

На лидерската една од темите ќе бидат и уставните измени. Мицкоски рече не очекува многу од средбата, оти ставот на партијата е јасен, тие нема да прифатат отворање на уставот под бугарски диктат, иако како што вели, СДСМ молат по амбасади за да извршат притисок врз нив и тие да попуштат. Тоа сценарио Мицкоски вели нема да го гледаат.

Според дел од аналитичарите Мицкоски во последниот настап упатил силна порака дека државата му е на прво место. Поранешниот вицепремиер и амбасадор Боцевски за Алфа вели дека ако Мицкоски и покрај страшните притисоци остане цврст, тој ќе биде новиот премиер.

Реклама

Доколку Христијан Мицкоски, ја сочува кохезијата на ВМРО-ДПМНЕ, доколку овозоможи да ВМРО-ДПМНЕ остане на ставот и да не гласа за уставни измени и покрај овој страотен меѓународен притисок со кој се соочува, тогаш тој ќе се избори за позицијата на лидер на наредната влада на Р.Македонија која што треба да ја поврати во Македонија и демократијата, енокомскиот раст, а и да ја врати Македонија на оние патеки на севкупен развој од кои отстапивме кога не втурна во бездна Зоран Заев со негови сулуди политики, вели за Алфа, Ивица Боцевски – поранешен вицепремиер и амбасадор.

Боцевски е сигурен во цврстиот став на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ но и во внатрешната кохезија на партијата. Вели, нема да го гледаме истото сценарио како кога се менуваше името.

Јас мислам дека СДСМ го посакува тоа сценарио, не само СДСМ туку и многумина други, но атмосферата не е ни од далеку иста како што беше во 2017 година,мислам дека вннатрешната кохезија на опозицијата е многу јасна и мислам дека веќе во Македонија важи онаа максима на Абрахам Линколн, можеш да лажеш некои луѓе цело време, можеш да ги лажеш сите луѓе некое време, но не можеш да ги лажеш сите цело време,вели за Алфа, Ивица Боцевски – поранешен вицепремиер и амбасадор.

Инаку Ковачевски се одлучи за лидерската средба многу задоцнето, сметаат дел од аналитичарите, коментирајќи дека и оваа работа премиерот ја прави наопаку, оти веќе прифати уцена од Бугарија, па формираше работна група и на крај свика лидерска. Сите политички логики водат кон тоа дека лидерската средба треба да е прва, пред било што да почне да се прави,  оти Ковачевски нема право сам да одлучува за Македонија.

Мери Симоновска