Реклама

ЕУ: Изборниот законик е добро подготвен, очекуваме надминување на блокадата

Македонската армија се модернизира со воена опрема вредна над 40 милиони евра

ЕУ ги наградува реформите: Македонија пред можност да добие дополнителни пари за инфраструктура

Михалис Рокас со пофалби за реформите: ЕУ гледа голем напредок во реформската агенда на Македонија

Рокас: Навистина гледам забрзување на реформите, измените на Изборниот законик се добри и се надевам дека партиите ќе постигнат консензус

Нова економска реалност: Одржливоста станува клуч за економскиот развој

3 до 4 пати е поголем растот на платите споредено со времето на минатата власт

Мицкоски и Николоски од Неготино: Македонија е големо градилиште, се гради на над 1200 локации

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСM на наредните избори

Разговор со психологот Секулоска: Казни или страшни последици – како да се реши меѓуврсничкото насилство?

Мицкоски: Да најдеме начин за гласање на дијаспората – електронски, преку писма

ЕУ ќе пренасочи средства за Западен Балкан кон земјите предводнички во рефромите – меѓу кои и Македонија

Македонија

Вештак на судењето за „Онкологија“: кај пациенти со напредната малигна болест, мора да се докаже причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица кај пациентот

За да се утврди одговорност за лекување не е доволно да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да се утврди одговорност за лекување не е доволно да се констатира отстапување во терапијата, туку мора да се докаже јасна причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица кај пациентот, истакна вештакот Владимир Даниловски, кој на предлог на одбраната, сведочеше денеска во Основниот кривичен суд Скопје на продолжението на судењето за случајот „Онкологија“. 

Одговарајќи на прашања од одбраната, Даниловски појасни дека предмет на неговата анализа не бил изборот на онколошка терапија, туку утврдување на евентуалните последици од медицинските постапки.

– Предмет на ова вештачење не беше избор на најдобра можна онколошка терапија, туку судско-медицинска постапка на последиците од применето лекување. Мојата задача беше да утврдам дали постои конкретно докажана штета, дали дошло до влошување на здравствената состојба како последица на терапијата, дали терапијата го забрзала фаталниот исход и дали постои медицински докажана причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица – изјави вештакот.

Реклама

Тој нагласи дека кај ваквите случаи не е доволно да се утврди отстапување од упатствата за дозирање или примена на лековите.

– Мора да се утврди јасна причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица. Не е доволно да се констатира дека дозата или примената отстапувала од упатство. Мора да се докаже кој лек и во која доза бил применет, кој лекар ја донел одлуката, дали реално лекот предизвикал токсичност или оштетување на органите, дали токму тоа оштетување довело до влошување или смрт и дали се исклучени други можни причини – рече Даниловски.

Според него, особено кај пациенти со напредната малигна болест, е важно да се направи разлика дали исходот е последица на терапијата или на природниот тек на болеста.

Во врска со утврдувањето на одговорноста на лекарите, вештакот посочи дека предмет на анализа е конкретното постапување на конкретен лекар.

– Мора да се утврди кој лекар ја проценил состојбата на пациентот, кој ја избрал или продолжил терапијата, со кои медицински податоци располагал во тој момент и дали токму таа одлука предизвикала конкретна последица кај пациентот. Без поврзување на конкретен лекар не може да се утврди причинско-последична врска – нагласи Даниловски.

Тој додаде дека не е методолошки исправно последиците од лекувањето автоматски да се поврзуваат со еден лекар доколку во процесот учествувале повеќе медицински лица.

– Од анализата на документацијата произлегува дека лекувањето не претставувало една изолирана одлука, туку долг и комплексен медицински процес. Пациентите биле лекувани со месеци, а дел од нив и повеќе години, со повеќе прегледи, различни линии на терапија, контроли и промени на третманот според текот на болеста. Затоа, секоја терапевтска одлука мора да се оценува во контекст на целокупното лекување, а не изолирано и надвор од клиничката состојба во која била донесена – изјави вештакот.

Во случајот се обвинети поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски за несовесно лекување пациенти. Постапката првично беше поведена и против онкологот Мери Пешевска, која призна вина и беше осудена на условна казна затвор од две години.

Според обвинението, кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на нивната здравствена состојба. Судскиот процес го води судијката Снежана Марковска, а обвинението го застапува обвинителката Марија Ѓорѓева од ОЈО Скопје.