Ќе мрдне ли дијалогот помеѓуВладата и синдикатите од мртва точка ? Владата по којзнае кој пат најавува дека работи на системско решение за утврдување на методологија за раст на плати , која всушност предвидува минимален пораст но, од 2028 година . Ова за синдикатот е неприфатливо , зашто рокот е предолг да се чека за покачувањето да стане реално .
20.250 денари кои земаат во моментов, со нивната методологија ќе земаат 26.300 денари , но во јануари 2028 година . Тоа за нас е неприфатливо бидејќи ние баравме платите да растат уште првата година , согласно она шо е како методологијиа за пораст на минималната плата, вели Иван Пешевски од ССМ
Повеќе од година и половина ресорните министри даваат изјави дека бараат системско решение кое никако да излезе на виделина. Вицепремиерот за економски прашања синоќа во телевизиско интервју посочи дека немал магично стапче да ги реши проблемите за 24 часа, ама очигледно не може ни да го реши проблемот кој трае повеќе од една година . Битиќи дури и ги обвини синдикатите дека ако не штрајкувале минатата година ќе имало решение .

Во меѓувреме, пак најава од власта: Економско социјален совет најверојатно ќе имало наредната недела. Но синдикатите се скептични дека власта ќе го слушне нивниот глас и дека ни за една година нема да ги приближат ставовите
Додека го најдеме системското решение ќе влеземе во преизборие , во запрен процес за преговори додека не бидат изборите и само се купува време . Не може по цена на регрес на годишен одмор толку да попуштиме за зголемување на платите , ова е неприродно покачување додава Пешевски
Додека Владата очигледно не сака да го слушне гласот на администрацијата , јавниот сектор се крена на нозе. Вработените во УЈП најавија дека ако не добијат покачување за 30 отсто , од 27 јуни ќе стартуваат со генерален штрајк . А за повисоки плати минатата недела на предупредувачки протест излегоа и Царинските службеници.
Кристина Алексиеска
