Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Анализа: СДСМ и Пендаровски веќе се предадоа, вториот дел од кампањата не може да смени ништо

Народот пред 3 дена на изборите го кажа своето. Иако доживеаа тотален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народот пред 3 дена на изборите го кажа своето. Иако доживеаа тотален дебакл и пораз на првиот круг од претседателските избори и разлика која е се чини е недостижна да се надмине, карванот на СДСМ и тимот на Пендаровски  со нагласена еуфорија продложуваат со средби со граѓани на кои им кажува дека ја сфатиле грешката и дека сега се почнува од нула. Но дали навистина е така? Дали актуелниот претседател и неговата полтичка противничка Силјановска почнуваат од иста стартна позиција? Дел од аналитиачрите велат дека џабе му е на Педнаровски што и на направи овие 10тина дена, но и на СДСМ оти и ним им се бројани деновите до опозиција.

Teшко дека нешто СДСМ може да промени , тоа се гледа и по пропагандната кампања, спотовите кои ги емитуваат. Тоа се истите спотови кои не функционираа од првиот круг од изборите. Според моите инфомации дури нивниот рејтинг, односно рејтингот на партијата е за 1 до 2 проценти помал од оној на Педнаровски, они се очигледно свесни за тоа и тешко дека може нешто да променат. Мое убедување е дека они се имаат предадено, рече Дарко Јаневски – новинар

Според Јаневски, СДСМ продолжува  со кампањата, иако искоход од неа е јасен , а тоа е безмалку никакво поместување на бројките, а можеби дури и помал рејтинг и број на гласови од оној кој го освои Педнаровски во првиот круг. Новинарот смета дека главното фалење на СДСМ за кое се цврсто се држат,  односно зголемувањето на минималната плата на 22 500 кое социјал-демократите го прикажуваат како огормен успех речиси е срам оти и до две миниални плати едно семејство не може да преживее.

Реклама

Направија стратешки грешки во текот на своето владеење, од бробата против корупцијата која практично не постоеше, не ни можеа да ја водат, бидејќи ќе беше борба против себе и тоа е….рече Дарко Јаневски – новинар.

По кратката пауза од првиот круг, СДСМ повторно се врати на терен со ветување за победа, но според сите проценки веројатно ќе се соочат со најголемиот изборен пораз во своето постоење.