Македонските граѓани пијат се помалку антибиотици. Ова го покажува извештајот од Фознодт за здравство за изминатите две години. Од лековите кои што се на позитивната листа, најмногу се купувале оние за карадиоваскуларни заболувања.
Додека од условната листа зголемена е потрошувачката на онколошките лекови и лековите за болести кај децата.
Кај лековите кои што се употребуваат за они кои што лежат во болница, налаалена е потрошувачката од 30 на 15 проценти.

„Во позитивната листа имаме вкупно издадени 27 милиони рецепти што зголемување од околу 8 проценти а со буџетот околу 3.6 милијарди денари кој е зголемен за околу 21 процент. Најзначајно учетво е за лекови на срце за крвни садови тие учествуваат со над 1 милијарда денари од вкупно издадените рецепти“, изјави Сашо Клековски- директор на Фонд за здравство.
Фондот бележи раст на буџетот од 33 отсто заради воведување на нови посовремени лекови.
„Ова се посебно скапи лекови достапни за онколошки случаи за ретки болести или за автоимуни болести. Меѓутоа имаме раст во сите категории. Овие лекови се дистрибуираат во 14 установи од терциерното здравство, исклучок е болницата во Струга з дијализа“, изјави Сашо Клековски- директор на Фонд за здравство.
Овој раст на покриеност со лекови за овие здравствени пробелеми овозможил покриеност на сите пациенти, а тоа значи дека нема повеќе листи на чекање на терапија.. Инаку на 1 јули се проширува позитивната листа на лекови.
