Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Ќе се гради нова улица до штипската Клиничка болница

Општина Штип ја избра фирмата изведувач која од оваа пролет треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Штип ја избра фирмата изведувач која од оваа пролет треба да започне со активности за изведба на нова сообраќајница, преку која ќе се поврзува штипската Клиничка болница и средното медицинско училиште „Јане Сандански“, со што ќе се растоварат од сообраќај постоечките улици кои водат до регионалната болница.

-Тоа значи дека три сообраќајници „Мирче Ацев“, „Вита Поп Јорданова“ и „Љубен Иванов“ кои водат на тој дел од градот ќе бидат растоварени со формирањето на оваа нова сообраќајница. И овој тендер е завршен, очекувам напролет да се почне со активности, избрана е најповолона фирма, компанија која ќе ја гради и верувам дека ова ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж кој се јавува на овие три улици, рече Јорданов.

Дополнително ќе се работи и на нов кружен тек на булеварот „Партизанска“, поточно кај зградата на ЕВН, со што ќе се работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот во Штип. Тековно ќе се работи на 17 улици кои се стари и дотраени, а оваа година ќе бидат целосно реконструирани.

Реклама

-Улици во наелбите Пребег, Баби, Леваци, станува збор за тековно одржување, не станува збор за нова инфраструктура, туку за улици кои се дотраени, амортизирани и ќе бидат реконструирани, рече Јорданов.

Јорданов истакна дека оваа година во Штип ќе се реализараат и капитални проекти, како што се новата обиколницата, СКАДА системот, продолжување на булеварот „Гоце Делчев“ кај клучка со населба Три Чешми и изградба на спортскиот центар „Џексон“.