Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Јавна расправа за новиот закон за високо образование денеска на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, од 18 часот, ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, од 18 часот, ќе се одржи јавна дебата за предлог-законот за високо образование во рамките на серијата дискусии на  јавните универзитети, на кои присуствува министерката за образование и наука, Весна Јаневска. 

Јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и вчера на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и во Македонската академија на науките и уметностите.

Законот за високото образование и законот за квалитет во високото образование се поставени на националниот регистар на прописи (ЕНЕР), а засегнатите може да праќаат коментари и на двете е-адреси на МОН за двата предложени закона. На ЕНЕР од саботата е поставен и текстот на новиот закон за научноистражувачка дејност. 

Реклама

Министерката Јаневска соопшти дека сите предлози што се конструктивни ќе бидат прифатени, а техничките грешки во законите ќе бидат исправени. Сите аргументирани забелешки за кои работната група смета дека се прифатливи, рече таа, ќе бидат внесени во предложениот текст и потоа тој ќе остане уште неколку дена на ЕНЕР пред да оди во владина процедура. 

– Дебатите ги одржуваме за да дојдеме до едно заедничко, по можност најдобро решение, затоа што Министерството за образование и наука не е спротивставена страна, туку, напротив, во соработка со универзитетите МОН го почна и на ист начин и ќе го заврши законот – изјави министерката Јаневска вчера пред почетокот на јавната дебата на УКИМ.

Таа регира на тоа што се пласираат неточни информации во јавноста, кои, рече, најмногу ѝ штетат на државата, а не на министерот.  

– Деновиве се изнаслушавме дезинформации и ,би рекла, конкретни лаги дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување научноистражувачки трудови итн. Лагите и дезинформациите претпоставувам треба да бидат на штета на министерот или на партијата, но во суштина се штета на државата и на младите луѓе што живеат во неа. Оттука, апелирам дека треба да се престане со тоа затоа што сме отворени за секоја конструктивна критика. И како што веќе реков, сè што сметаме дека е во ред, ќе биде внесено во законот и веќе и се внесува за што е можно побргу да ја завршиме работата – изјави Јаневска додавајќи дека очекува дискусија на академско ниво.