Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци кај институтите

Институт за бизнис економија во Скопје, Институт за геобиологија, археологија и подземни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институт за бизнис економија во Скопје, Институт за геобиологија, археологија и подземни води во Скопје, Институт за мода и дизајн во Тетово се дел од 18-те затворени институти кај кои Министерството за образование и наука констатирало разни неправилности.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вечерва на гостување на една од националните телевизии рече дека проверките што ги направила комисијата при МОН покажале различни недостатоци – некаде не беа исполнети условите за научници кои треба да работат во институтот, некаде воопшто немало програма за научно-истражувачка работа, а имало и случаи во кои институтите биле сместени во несоодветни простории. Три до четири институти, откако почнале контролите, сами затвориле.

Кај универзитетите, како што појасни министерката Јаневска, ситуацијата е малку поинаква – има пријави за несоодветно трошење на средства од буџетот што го дава државата, пријави за неправилен упис, за фалсификувани дипломи, за назначување во несоодветно звање…

Реклама

– За една приватна високообразовна установа имаме пријава до истражните органи и обвинителството за фалсификување диплома. На пример, студентка во еден месец положила 14 до 17 испити, а во истовреме студирала и додипломски и постдипломски студии. Тоа реално не е можно. Не сум слушнала никаде во светот да се положат во еден месец 14 испити и да се биде и на додипломски и на постдипломски студии, рече Јаневска.

За Законот за високо образование, којшто е во собраниска процедура, вели дека МОН ќе прифати амандмани од опозицијата доколку тие се издржани.

– Ние година дена работиме на овој закон. Се што сметавме дека е прифатливо, ние го ставивме во законот. Не е точно дека државата навлегува во автономијата на универзитетите, но мора да има отчет за парите што државата ги дава на универзитетите, нагласи министерката Јаневска.

Во однос на државната матура, министерката вели дека прелиминарните резултати покажуваат состојба слична како и минатите години. Во споредба со лани подобра е оценката кај мајчин јазик, но полош е процесот кај англиски и кај француски јазик.

– Вкупниот просек ќе го знаеме откако ќе ги завршиме приговорите. Не сме повеќе од 3,69 што се уште не е задоволитено според мене, но ова се оние генерации кои почнале по старите програми. Јас се надевам дека кога ќе стигнат генерациите кои работат по новите програми дека ќе имаме баремминимално подобрување, рече министерката за образование и наука.