Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Ѓорѓиевски: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“

Вечеравечер заедно со премиерот Христијан Мицкоски извршивме увид во градежните активности на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вечеравечер заедно со премиерот Христијан Мицкоски извршивме увид во градежните активности на еден од најзначајните и за мене најдраги инфраструктурни проекти, булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива својата прва подземна сообраќајница. Работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат дополнителни гужви. Оваа пракса на интензивна работа ќе продолжи сè до крајот на мојот мандат, напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.

-Проект кој со години беше во застој, денес добива нов импулс, јасна временска рамка и визија за современ урбан развој.
Иако третата фаза, подземната сообраќајница е веќе изградена, нејзиното целосно ставање во функција е возможно само со реализација на сите фази, се вели во објавата на Ѓорѓиевски.

Се нагласува дека првата фаза започна пред неколку недели и веќе се реализира со конкретни активности на терен.

Реклама

-Во рамки на оваа етапа се врши реконструкција и рехабилитација на постоечкиот коловоз, како и проширување на одделни коловозни ленти со цел значително подобрување на проточноста и функционалноста на сообраќајот. Проектот ги опфаќа булеварот „Борис Трајковски“ (кај Рампа), улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“ до приклучокот на булеварот „Борис Трајковски“, од каде продолжува кон следната фаза, појаснува Ѓорѓиевски.

Посочува дека е предвидено и проширување на улицата „Пролет“, на потегот од Полициската станица Пролет до Тутунскиот комбинат, со дополнителна коловозна лента. Раскрсницата на овој потег, како што вели, од безбедносни причини, ќе биде уредена со два острови во форма на триаголник и три во форма на солза, со што значително ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

-На потегот од улицата „Пролет“ кон Лимак, како и од Лимак кон булеварот „Борис Трајковски“, се воведува еднонасочен режим на сообраќај, додека на раскрсницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „11 Октомври“ ќе бидат поставени нови, современи семафори, истакнува скопскиот градоначалник.

Како што посочува, во наредните фази е предвидена изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“, како и уште два кружни текови на потегот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“ (Железничка), како и проширување на булеварот „Св. Кирил и Методиј“.

-Паралелно со коловозната инфраструктура, се изведува и атмосферска канализација со поставување на повеќе од 60 шахти и сливници – значаен чекор кон поотпорна, одржлива и функционална урбана инфраструктура, се вели во објавата.

Се нагласува дека подземната сообраќајница ќе располага со шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две наменети за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки.

-Со нејзиното пуштање во употреба се очекува значително намалување на метежот, побрзо и поефикасно движење низ централното градско подрачје и создавање на побезбеден, поуреден и покомфорен урбан простор. Ова е ново поглавје во развојот на Скопје. Со современи инфраструктурни решенија кои досега не биле карактеристични за градот, правиме одлучен чекор кон модерен, функционален и вистински европски град. Скопје го градиме со работа. Со визија. Со посветеност. Скопје го правиме заедно. По скопски!, истакнува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во својата објава на фејсбук.