Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Серафимовски во Кавадарци: Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21,8 денар, а „смедеревка“ за 20

Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21,8 денар, а „смедеревка“ за 20…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21,8 денар, а „смедеревка“ за 20 – новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска, ги соопшти откупните цени за грозјето во кавадаречкото село Сопот. 

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврдува производната цена на винското грозје за двете најзастапени сорти во согласност со Законот за виното и методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет. Во согласност со законските одредби, Министерството преку јавен конкурс избра научна институција, која ја спроведе пресметката на производната цена. Врз основа на спроведените теренски истражувања, анкети, сондажи и анализа на производните трошоци, Земјоделскиот институт – Скопје ја изготви пресметката на производната цена за најзастапените сорти винско грозје – појасни министерот Серафимовски во изјава за медиумите.

Серафимовски појасни дека откупната цена за најзастапените црвена и бела винска сорта грозје е всушност добиена откако за 25 проценти е зголемена производствената цена. При пресметката биле земени предвид сите релевантни производни параметри, вклучително и трошоците за агротехнички мерки, заштита, прихрана, работна сила, механизација, репроматеријали и други фиксни и варијабилни трошоци во согласност со методологијата.

Реклама

– Производната цена е утврдена врз основа на реални податоци добиени преку теренски анкети и анализи на репрезентативен примерок на лозарски стопанства, со што се обезбедуваат објективност, стручност и транспарентност во процесот на нејзиното утврдување. За поголема транспарентност, анкетните листови беа и јавно објавени на страната на Земјоделскиот институт – Скопје  посочи Серафимовски. 

Министерството, нагласи Серафимовски, останува посветено на доследна примена на законските процедури и на обезбедување фер, транспарентен и предвидлив процес во интерес на лозарите и винарската индустрија, при што сите активности се реализираат во согласност со Законот за виното и подзаконските акти, што ја регулираат оваа област.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: