Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Санирани штетите од синоќешното невреме во Штип, оштетни кровови имаат болницата, училиште и градинка

Најголемата штета од синоќешното невреме има во Клиничка болница-Штип, каде што од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најголемата штета од синоќешното невреме има во Клиничка болница-Штип, каде што од силниот ветар дел од кровот падна околу болницата. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека штети има и на кровните конструкции на ООУ „Ванчо Прќе“ кое е најголемо основно училиште во Штип и на детската градинка „Вера Циривири-Трена“. 

-Односно тоа коешто можевме да го забележиме, кровната конструкција на Клиничката болница е најповеќе оштетена, но има неколку други јавни институции како што е основното училиште „Ванчо Прке“ – исто така има оштетен дел од кровната конструкција кој треба да се врати во првобитна состојба. Имаме и на детската градинка „Вера Циривири“ дел од кровната конструкција оштетено и дел од електричната инсталација, што значи дека мора да бидат доведени во нормална состојба и функционалност. За сето ова, Општината има надлежност во најбрз можен рок да констатира, во согласност со законските регулативи и можности. Така да, верувам дека во текот на денот, сите оние промени кои се настанати, оштетувања на јавни површини, урбана опрема и сето тоа коешто како последица се случило, ќе се потрудиме да го вратиме во првобитна состојба и во одредена функционалност-вели Јорданов. 

Тој посочи дека сообраќајниците веќе се исчистени од кал и паднати дрвја, а штети има пријавено на кровни конструкции и на куќи, потоа поплавени домови и оштетени автомобили. 

Реклама

-Како локална самоуправа верувам дека успеавме навремено да реагираме и да го оспособиме градот да функционира. Сите сообраќајници се проодни. Јавната површина за којашто имавме променета состојба е доведена во нормална функционалност. Кровните конструкции на институциите веќе се прави проценка како да се постапува во периодот којшто следи. Сепак за одредени кровни конструкции треба да се одвојат финансиски средства за да бидат вратени во првобитна состојба-вели Јорданов. 

​Тој додаде дека во текот на денот комисија од страна на Општина Штип ќе ги констатира настанатите штети, а Општината е во комуникација со Владата и со ЗЕЛС за штетите на државни и локални институции. Во Клиничка болница-Штип утринава се изврши и проценка на штетата, информира заменик директорката на Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова.