Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Со  тест од плунка за само три до десет минути ќе може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со  тест од плунка за само три до десет минути ќе може да се утврди присуство на кокаин, амфетамин, метамфетамин, опијати, екстази, седативи, како и ТХЦ.  Проверката ќе се врши директно на терен кај оние возачи кај кои ќе постои сомнеж од страна на полицијата.  Од МВР велат дека веќе се нарачани  првите 10.000 тестови од кинеско производство, кои се очекува да пристигнат на почетокот на август. Цената на еден тест изнесува 218 денари.

-Склучен е Договор за набавка на 10.000 илјади парчиња тестови за дрога. Со нивна употреба не е почнато бидејќи тече рокот за испорака согласно склучениот договор. Се очекува испораката да биде во првата половина од августистакна портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

Новите тестови се едноставни за употреба и не бараат дополнителни уреди, реагенси или медицинска опрема. Примерокот се зема преку орален брис,   а  постапката ќе трае помалку од една минута.Тестовите имаат точност од 99 проценти и  за нивното користење не е потребно медицинско знаење.

Реклама

-Тестирањето ќе се врши на местото каде што е сопрено возилото. Тестовите се карактеризираат со висока прецизност. Вакви видови на тестови се употребуваат прв пат а тестирањето се прави и сега со анализа на крв и уринаистакна портпаролот на МВР Гоце Андреевски.

Набавката е реализирана преку двегодишна рамковна спогодба, со  максимален лимит од 80.000 евра за период од две години. Целта на  брзите тестови е полесно  откривање на  возачи кои управуваат под влијание на наркотични средства за поголема безбедност во сообраќајот