Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Нема никакво сомневање дека иднината на Македонија е како земја членка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема никакво сомневање дека иднината на Македонија е како земја членка на Европската Унија – евроамбасадорот Михалис Рокас со охрабрувачка порака за Македонија. Според него, државата покажала капацитет за спроведување на реформи, но треба повеќе да се работи на владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата, а европската интеграција на земјава зависи од спроведувањето на клучните реформи за раст и развој.  

Без двоумење можам да кажам дека земјата покажа дека има капацитет да спроведува реформи. Би сакал да ја поздравам работата што е завршена во Собранието, особено во однос на законите што се донесуваат во овој дом. Секако, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, сметаме дека успешно можеме да ве подготвиме за пристапување кон ЕУ“, изјави Михалис Рокас, евроамбасадор на Македонија.

Според него, процесот на проширување е во полн ек и секојдневно се бележат нови позитивни случувања, како што е иницијативата на Франција и Германија која предвидува да се забрза процесот на пристапување, да се исполнат сите неопходни предуслови, но истовремено и земјите кандидати постепено да добијат поголем пристап до внатрешниот пазар на ЕУ.  Очекувано, критики за реформскиот процес имаше опозициската СДСМ. Претседателот на оваа партија, Венко Филипче посочи дека четири земји кандидати – Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина брзо напредуваат во процесот на интеграција, додека Македонија останува без отворено преговарачко поглавје и според него, е единствена држава без напредок.

Реклама

Се поставува прашањето дали намерното запирање на европскиот пат не е форма на државен удар. Кога се знае што треба да се направи, кога ниту едно поглавје не е отворено, а четири земји кандидати за Европската Унија одржаа меѓувладини конференции во еден ден, Албанија и Црна Гора, понатаму Молдавија и Украина“, изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Во извештаите на ЕУ, според евроамбасадорот Рокас, може да се забележи позитивна оценка за повеќе области. Тој смета дека политичките партии покажуваат конструктивен пристап и дека постои добра демократска атмосфера. Сепак, додаде дека потребни се заедничка политичка волја и многу работа за да се постигнат поставените цели.