Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Протоколот со Бугарија крие многу повеќе од уставни измени

Дури и да ги вметнеме бугарите во Уставот, не ни е гарантиран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дури и да ги вметнеме бугарите во Уставот, не ни е гарантиран стартот на преговорите со ЕУ, доколку не ги исполните обврските од протоколот 2, сметаат од институтит за декомратија  Социетас цивилис. Презентирајќи делови од протоколот, на брифинг со новинарите членовите на институтот посочија покрај горливото отворање на Уставот, Македонија ќе мора да испорача уште низа други барања од Софија за кои веќе е ставено параф на протоколот, доколку не се исполни се што е побарано, се поверојатно е дека и вметнувањето на Бугарите во Уставот ќе биде малку за Бугарија да го откочи процесот.

Oсвен уставните измени, нејаснотии има и  за прашањата од историјата што ги отвори Бугарија, измени во програмите по историја, нови учебници, натписите на некои споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост. Рокот решение на овие работи за е две години.

„Земајќи го предвид процесот на правење вакви суштински измени, овој утврден рок е прекраток и може да доведе до заобиколување на одредени институции кои не се под капата на Владата или нивно потиснување поради запазување на рокот. Исто така, не е утврден начин на кој двете страни ќе се информираат за ваквите измени кои можат да опфаќаат различни методи и пристапи кон истата проблематика. Ова може да доведе до различни периоди потребни за имплементација на истото нешто во двете држави.

Реклама

Oд институтот посочуваат дека протоколот не сраземерен, односно дека од Македонија се бараат повеќе обврски, како пример го посочија и делот каде во протоколот стои и едностраната обврска од источниот сосед кон нас да им доставиме преелиминарен урнек од лекција за седмо одделение

„Во овој дел интересна е едностраната обврската на Владата на Македонија да достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Северна Македонија на тема Самоилова држава. Навидум едноставна обврска која не би требало да предизвика никакви проблеми. Но, се работи за специфична тема за која има несогласувања меѓу двете држави, а исто така е интересно и е избегнувањето на специфичното поимање на учебникот. Обврската на конкретна тема Самоил може да наметне притисок за наоѓање на решение по секоја цена.

Во анализата од институтот посочуваат и за преземените обврски околу говорот на омраза при што наведуваат дека нема прецизна листа на  институции и агенции на кои се однесува превенирање од недобронамерна пропаганда, но и начинот на обесхрабување на активностите на приватните субјетки, при што не е јасно и кои се тиа приватни субјекти, пред се што тие не влегуваат во опсегот на државното финансирање.

Од институтот покрај овие имаше уште низа на работи кои Македонија ги потпишала и кои мора да ги исполни за да не добие вето. Од “Социетас цивилис велат дека Македонија и нејзините институции мора да се подготват за мачниот процес кој следува, за да не се соочуваме со нови кочници, тие побарале средба со Министерствто за надворешни работи за да се изработи план, упатство како да се постапува, но од таму не добиле одговор.

Мери Симоновска