Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Новата академска година полека се наближува, а со неа започнува и трката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата академска година полека се наближува, а со неа започнува и трката за место во студентските домови. Дел од нив ги отвараат вратите за нови станари, дел се подготвуваат за реконструкција, а воведена е и нова категоризација која носи различни месечни трошоци. Министерството за образование го објави конкурсот за сместување. Обезбедени се вкупно 3500 места, од кои 2799 се наменети за студенти од втора година па нагоре, а 699 се за бруцошите. Рокот за студентите од втора година и повисоко трае од 15 до 31 јули, додека бруцошите ќе можат да аплицираат од 14 до 20 септември.

Во Скопје оваа академска година студентите ќе можат да конкурираат за сместување во студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“. Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ сеуште се реконструира, па се очекува да биде готов во текот на академската година.

Одлучивме да ги категоризираме домовите – два модела. Модерни и нереновирани. Цената во вторите е останата иста – тоа е СД Гоце Делчев, каде условите се сосема пристојни. Цената во модерните – тоа е Стив и наскоро Кузман (ќе биде објавен дополнителен конкурс за сместување), се зголемува за нешто над 3000 денари.“ – велат од МОН.

Реклама

Од МОН потенцираат дека овие промени на цените се неизбежни поради зголемените трошоци.

Груба манипулација е поделбата на домови за „сиромашни“ и за „богати“, особено кога државата спроведува огромен проект за целосна реконструкција на сите студентски домови. Наскоро сите ќе бидат модерни и цената за сместување ќе биде идентична во секаде.“- велат од МОН.

Годинава започнува реконструкцијата на домовите „Пелагонија“ и „Томе Стефановски – Сениќ“, поради што тие нема да бидат во функција.

Во Штип започнува реконструкцијата на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“. Студентите кои ќе бидат примени во овој дом привремено ќе бидат сместени во поранешниот приватен студентски дом „Оаза“, а на располагање остануваат и приватните домови „Хилјадников“ и „Логос“. Во Охрид започнува обновата на студентскиот дом „Никола Карев“, а студентите што ќе конкурираат за него ќе бидат сместени во одморалиштето на МВР. Во Битола студентскиот дом „Кочо Рацин“ продолжува со работа и во текот на оваа академска година, додека реконструкцијата е планирана да започне следната година.

Студентите можат онлајн да аплицираат на порталот е-услуги.мон.гов.мк. Инаку од оваа година, со новиот Правилник за сместување и престој се воведуваат построги дисциплински мерки како забрана за пушење во собите или внесување и конзумирање алкохол, а за најтешките прекршоци како кршење инвентар е предвидена забрана на повторно сместување во студентски дом во период до пет години.