Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Над 30 повредени во невремето во Скопје третирани во болницата „Свети Наум Охридски“ и на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ помош по вчерашното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ)11 лица, од кои тројца се со посериозни скршеници. 

– Од 22 пациенти во „Св. Наум Охридски“, двајца се примени на болничко лекување, другите се третирани клинички со полесни повреди. Еден пациент е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во пределот на шаката. Има уште еден пациент, кој е странски државјанин, турист, а е повреден при пад на дрво, во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман, што значи се движело за консултативно лекување – изјави директорот на болницата „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, по пуштањето во употреба на реконструираното одделение за трауматологија. 

Министерот за здравство Сашо Клековски посочи дека се следат штетите на здравствените установи и оти по процена на штетите од осигурителните компании, ќе се пристапи кон обнова на покривните конструкции. 

Реклама

– Имаме паднати дрвја и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но без повредени. Во Психијатриската болница во Бардовци исто така нема повредени. Таму имаше и неколкучасовен прекин на струјата, кој е веќе отстранет. Има значителни штети и на покривната конструкција во Клиничката болница во Штип. Благодарение на брзата интервенција на градоначалникот Иван Јорданов и на директорот на болницата, штетите се веќе санирани и се работи на нивна процена. Има штети и на покривната конструкција на ГОБ „8 Септември“. И Клиничката болницата и ГОБ „8 Септември“ се осигурени, така што осигурителните компании веќе работат на процена на штетите и веднаш потоа ќе се реагира за да се обезбеди непречено работење на болницата – изјави Клековски.