Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Муцунски: На индиските компании им нудиме конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар

Нашата земја им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата земја им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар. За нас Индија не е само важен пазар, туку и стратешки економски партнер со кого имаме огромен потенцијал за продлабочување на соработката во трговијата, инвестициите, иновациите, образованието, дигиталната трансформација и културата – рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на Македонско-индискиот бизнис форум што се одржува попладнево во Скопје, во присуство на претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму. 

Според Муцунски, Индија денес е една  од главните приказни за успех на нашето време, а нејзиниот забележителен раст, технолошко лидерство и претприемачки дух ги трансформираа не само регионот, туку и глобалната економија. 

Муцунски посочи дека во 2025 година, билатералната трговија со Индија достигна речиси 132 милиони американски долари, што е речиси двојно повеќе од нивото од претходната година.

Реклама

– Тоа е охрабрувачки, но е само почетокот. Нашата амбиција е поголема. Сакаме повеќе трговија, повеќе инвестиции, повеќе заеднички вложувања. Повеќе компании кои работат заедно за да создадат вредност во двете наши земји, рече министерот Муцунски. 

Тој посочи дека државава е посветена на зајакнување на владеењето на правото, подобрување на бизнис климата и на извозот и обезбедување инвеститорите да најдат не само можност, туку и влада подготвена да биде нивен долгорочен партнер.

– Наоѓајќи се на крстопатот на Југоисточна Европа, горда сојузничка во НАТО и цврсто посветена на европската иднина, нашата земја им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар, посочи Муцунски.