Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Нова енергија, нов импулс за повеќе работа и повеќе резултати. Забрзување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова енергија, нов импулс за повеќе работа и повеќе резултати. Забрзување на промените, на реформите, на економијата. Вака премиерот ги образложи причините за владината реконструкција, прва по две години од мандатот. Порача дека следува период во кој фокусот уште повеќе ќе биде ставен на ефикасноста, динамиката и испораката на резултати за граѓаните.

Христијан Мицкоски вели дека ги одобрил и ги прифатил предлозите за нови министри од коалициските партнери, но дека остава тие самите да ги соопштаат.

„Да, ги имам предлозите и за новите министри од ВРЕДИ и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам тие да ги кажат, да не ги кажувам јас. За мене тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа во новиот состав на Владата“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Засега се во игра неколку имиња кои медиумите ги објавуваат, а од ВРЕДИ се уште официјално не ги објавиле новите предлози.

На местото на Зоран Љутков, во Министерството за култура и туризам веројатно ќе дојде Седат Сулејмани, кој досега беше заменик-министер во истиот ресор.  Нов министер за односи меѓу заедниците треба да биде Агон Ферати, додека кадарот на ЗНАМ во Правда, Игор Филков, ќе му ја отстапи министерската позиција на професорот по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, Јетон Шасивари.

ЗНАМ наместо правда ќе раководи со земјоделство. Предложен е Борче Серафимовски, актуелниот државен секретар во тој ресор.

Претходно, по седницата на ИК, ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти предлозите за нови министри.

Со ресорот здравство ќе раководи актуелниот директор на ФЗОМ Сашо Клековски.

Во министерската фотелја во социјална политика, ќе седне  актуелниот заменик-министер, Ѓоко Велковски.

За нов министер за локална самоуправа се предлага актуелниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, а досегашниот Златко Перински ќе го пополни испразнетото место во Фондот за здравство.

Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, ќе биде Ерџан Демир.

Владиното мнозинство ќе се зголеми за еден пратеник од Демократската партија на Турците. Партијата ќе добие министер без портфолио.