Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Министерството за правда: Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес биле во фокусот на средбата помеѓу министерот за правда Јетон Шасивари и заменик-министерот за правда Ален Деребан со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас.

Како што соопштуваат од Министерството за правда, министерот Шасивари ја истакнал посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност со препораките на Европската комисија, со посебен акцент на владеењето на правото и исполнувањето на обврските од реформската агенда и кластерот „Фундаментални вредности“.

– На средбата беше разговарано и за имплементацијата на развојната секторска стратегија за правосудство 2024 – 2028, како и за активностите што се реализираат со поддршка на Европската Унија преку ИПА-проектите за зајакнување на правосудниот систем и неговата дигитализација – наведуваат од таму.

Реклама

Дополнуваат дека била изразена и благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија во спроведувањето на реформите, која има значајна улога во зајакнувањето на институциите, унапредувањето на владеењето на правото и забрзувањето на европската интеграција на земјата.

– Во таа насока беше истакната и потребата од експертска помош од Европската Унија во реформите на кривичното законодавство – велат од Министерството за правда.

На средбата, како што дополнуваат, била потврдена заедничката заложба за продолжување на партнерската соработка и интензивирање на реформските процеси во правосудството во насока на унапредување на неговата функционална независност во согласност со европските стандарди и реформските приоритети на државата.